English
 
Дома
Софтвер
Обука
Хардвер
За нас
Контакт
ФАКТИ ЗА ЕНТЕР
1. Ентер е првата компјутерска компанија во Македонија , која што уште  во 1995 год. започна да развива професионални апликации за WINDOWS - оперативните системи и практично имплементира информационен систем врз база на клиент - сервер технологијата.

2. Програмскиот пакет Visual Accounting е прва македонска WINDOWS - програма за комплетно водење на сметководство за сите претпријатија и институции и чија мрежна верзија претставува комплексен и лесно надградлив информационен систем кој успешно се поврзува со специјализирани програми од разни дејности.

3. Ентер е првата и засега единствената компанија во Македонија која го извезува својот софтвер преку Интернет. Cyber Monytor, апликацијата за евиденција и контрола на работењето во интернет кафеа, сајбер клубови, библиотеки, школи, хотели и др. места каде што компјтерот е во јавна употреба се продава и одржува преку сајтот на Ентер и досега е инсталирана на стотина места во различни земји, најмногу во САД. Комплетниот процес од набавката на некои софтверски алатки и дел од развојот, преку маркетингот, продажбата и наплатата, до подршката и одржувањето се одвиваат преку стандардните интернет сервиси. Апликацијата е повеќејазична, со вградени хелп, сет-уп систем и заштита и е уникатен пример за можноста и способноста на македонските компании да бидат глобално конкурентни.

4. Екипата на Ентер  го има изработено  досега најкомплетниот болнички информационен систем базиран на персонални  компјутери: информациониот систем во Болницата за ортопедија и трауматологија во Охрид (над 40-тина работни станици, со над 100 активни корисници и целосна компјутерска евиденција на сите здравствени и административни активности).

5. Во рамките на Ентер работи голем центар за обука во кој се изведуваат општи и посебни курсеви за компјутери и англиски јазик за ученици, возрасни и организирани групи од фирми и институции. Во склоп на центарот е и најголемата македонска школа за истовремено учење на компјутери и англиски јазик која годишно ја посетуваат над 650 ученици.

6. Ентер е една од ретките компании во Македонија која може со сопствени ресурси да одговори на сите барање на клиентите поврзани со компјутеризацијата на нивните организации: да проектира информационен систем, да набави квалитетен хардвер, да инсталира компјутерски мрежи и  системски софтвер, да развие софтвер за сите деловни потреби, да спроведе општа и посебна обука за сите корисници и да изведе квалитетно и навремено одржување на системите на територијата на цела Македонија.
 
Enter doo, Ohrid. Copyright © 2000-2007 Enter. All rights reserved. Revised: August 29, 2007.