|
|
|
|
Ориентацијата кон
деловниот софтвер ја засили потребата од дизајнирање на
флексибилни апликации, адаптибилни на организационата
поставеност на фирмите, како и на честите промени на
законската регулатива.
Во изборот на софтверот се поаѓа од следните постулати:
• Едноставно
вклопување на софтверот во хардверската околина
•
Природна и лесна поврзаност меѓу системскиот
софтвер, развојните орудија и апликациите
•
Максимална долгорочна подршка од
производителите
•
Масовно употребуван софтвер, посебно
во Македонија
•
Оптимални трошоци за набавка, обука и
одржување
Апликативниот софтвер е душата на информациониот систем. Дел
од него е стандарден и со одредени модификации ќе биде
имплементиран, а за друг дел специфичен за претпријатието се
прави целосно нов развој. Го сочинуваат програмски пакети
составени од апликации, кои пак се поделени на
меѓусебно функционално поврзани модули.
Реализирањето на информациониот систем се одвива во фази:
1. Имплементација на
Visual
Accounting
2002
Клучно за успешна имплементација на новиот информационен
систем е максимално брзото активирање на новиот сметководствен
софтвер. Паралелно со него се развива софтверот за специјална
потреба како софтверски најкомплексен. Оваа фаза ги вклучува и следните
активности:
- проектирање на
системот и подесување на мрежата
- набавка и инсталација на потребниот хардвер (сервер и
работна станица)
- адаптација на сметководствениот софтвер (доколку
постои)
- трансфер на податоците од стариот
систем (доколку е потребно)
- инсталација на апликациите, обука и пуштање во употреба
2. Компјутеризирање на други
активности во претпријатието
Овде ќе бидат само таксативно наведени
активностите кои би требало да бидат компјутерски подржани, а
со оглед, на подолгиот временски период за нивна
имплементација и планираните ресурси на компанијата. Во оваа фаза ќе бидат вклучени:
- кадровска евиденција (електронско
досие) за вработените
- систем за регистрација на работно
време
- веб презентација за претпријатието
- имплементација на систем за пораки и
обврски. |
|
|