English  l  За нас Контакт
 
Дома
Софтвер
Обука
Хардвер
Информациони системи
Веб сервиси
ПРОЕКТИРАЊЕ
Развојот на висококвалитетен апликативен софтвер е наша стратегиска определба. Неа ја детерминираат два магистрални правци:

• Развој на софтвер за покривање на деловните активности на фирмите, преку универзални, детализирани, функционални, самостојни модули (финансово сметководство, материјално книговодство, погонско книговодство, производство, кадровска евиденција, плати, благајна, основни средства), како и во форма на интегрирани пакети, како неопходна база за развој на комплексни и на фирмите целосно адаптирани информациони системи.
• Изработка на апликации со посебна намена за одредена целна група (продавници, ресторани, интернет кафеа, здравствени организации, аптеки, менувачници, приватни училишта) или за софтверска автоматизација на специјални  активности и процеси (менаџирање на документи, автоматизирана комерција, персонален и групен органaj зер, банкарско кредитирање, евиденција на работно време и сл.)

Ентер својот систем на работа го засновува врз парадигмата: најновото е и најисплатливо. Оваа идеја се темели на следниве концепти: 

1. Употребата  на персоналните компјутери како стратегиска определба
Предностите на ваквиот приод стануваат појасни ако се знаат особините на компјутерите: моќ, масовност, универзалност.

2. Имплементација во своите програми на 5-те водечки концепти во развојот на апликативниот софтвер:
• Object-oriented programming (Објектно - ориентирано програмирање).
• Relational databases (Релациони бази на податоци).
• Graphical user interface (Графички кориснички интерфејс).
• Client - server tehnology (Клиент - сервер технологија).
• Internet - intranet solutions (Интернет - интранет решенија).

3. Систем на перманентна обука
Претствавува најефикасен и најевтин начин на оспособување на корисниците за работа со компјутер. Посебно е практичен во услови на енормно брзото технолошко застарување и на хардверот и на софтверот. Овозможува, од една страна постојано да се учи по малку и без големи оптоварувања, а од друга страна целосно да се биде во тек со настаните.

4. Стабилност и сигурност во процесот на информатизација
Информатизацијата е еден од најживите процеси, кој покрај благодетите во себе крие и опасности, пред се поради брзите и турбулентни промени кои му даваат одредена нестабилност. Тука пред се се мисли на проблемите со правилен избор на софтвер и хардвер, стандардизација на процесите, правилно временско планирање на активностите и др. Во услови во кои се наоѓа нашата држава се јавуваат уште поголеми проблеми, зашто погрешна проценка во купувањето или неискористување на можностите можат да бидат дури и катастрофални. Заради тоа, Ентер во својот концепт ги вклучува и деталните познавања на организацијата, менаџментот и економиката на информационите системи. Притоа важни се следните моменти:

а) Интердисципнлинарност
Синергетско вклопување на последните сознанија од теорите на информации и системи, планирање и водење на проекти и посебно операционите истражувања (мрежно планирање, моделирање и симулација, линеарно, нелинеарно, динамичко и хеуристичко програмирање, оптимално резервирање, масовно опслужување и др.). Со тоа се овозможува директно учество на клиентите во подготвувањето и реализацијата на проектите, посебно во барањето оптимум во комплицираните односи: структура на проектот - времетраење на проектот - трошоци на проектот - потребни ресурси за проектот.

б) Одвивање на информатизацијата во фази
Пристапот во фази или чекор по чекор му дава на процесот на информатизација неопходна стабилност и го прави релативно безболен. Но, ваквиот пристап вклучува и повеќе обврски и дисциплина (и на развивачите и на корисниците) со цел да се спречи опасноста што тој ја носи, а тоа е запоставување на информатизацијата или губење на чекор со новата технологија.
 
Enter doo, Ohrid. Copyright © 2000-2004 Enter. All rights reserved. Revised: August 31, 2004.