English
 
Дома
Софтвер
Обука
Хардвер
За нас
Контакт
ПРЕКУ ЕНТЕР ДО НАЈБАРАНАТА СВЕТСКА ДИПЛОМА: Microsoft Office Specialist
Подготвувајте се и тестирајте се во Ентер и за рекордно време освоете го најпознатиот интернационален сертификат потврден директно од Microsoft.
Бидете и Вие меѓународно признат специјалист за канцелариско користење на компјутерот.
ШТО Е MICROSOFT OFFICE SPECIALIST (MOS) СЕРТИФИКАЦИЈА?
MOS програмата е глобално препознатлив стандард за демонстрирање на вештините на канцелариско користење на компјутерот.
Со MOS сертификацијата се верификува познавањето на една или повеќе MS Office апликации (MS Word, MS Excel, MS PowerPoint, MS Access, MS Outlook, MS Project).
КАКО Е ОРГАНИЗИРАНО ТЕСТИРАЊЕТО И КОЈА Е НЕГОВАТА ЦЕНА?
Тестирањето е поделено по апликации и има две нивоа. Еден тест се однесува за една верзија на апликација и за едно ниво.  Значи, тестирањето е различно за Office 2000 и за Office XP. Апликациите Word, Excel, PowerPoint, Access, Outlook и Project може да се полагаат на стандардно (core) ниво, кое е и најбарано, додека за Word и Excel постои и експертско (expert) ниво, наменето само за најдобрите. Оној кој ќе ги положи овие два експертски теста и притоа го совлада и стандардното (core) ниво на PowerPoint и Access или Outlook се здобива со титулата - Master, со која барем во западниот свет му се сите врати отворени.
Еден тест трае околу еден час, а се изведува на англиски јазик. Доволно е основно познавање на англискиот јазик. Тестот нема прашања, туку задачи кои се изведуваат директно, со симулирање на ситуација на тековно изведување на бараните операции.
Секој кандидат е должен да достави барем два документи за идентификација од кои едниот мора да има фотографија.
Веднаш по полагањето се познати неофицијалните резултати. Успешните кандидати потпишаниот сертификат, од САД ќе го добијат по пошта за две до три седмици.
Тестирањето кое вообичаено чини приближно 100€, во Ентер се нуди двојно поефтино по промотивна цена од 50€.
КАКО СЕ ИЗВЕДУВА И КОЛКУ ЧИНИ ПОДГОТОВКАТА ЗА ТЕСТИРАЊЕ?
Две работи се клучни за успешно совладување на тестот: беспрекорно познавање на соодветната апликација и имање добра претстава како се одвива тестирањето. Ентер ја овозможува подготовката и за двете нешта. Обезбедени се наставните програми по кои се врши тестирањето, а исто така, практични тестови и обука по официјалната програма за тестирање. За поискусните кандидати, како оние кои завршиле барем 2 компјутерски курса и за учениците кои имаат 2 години компјутерска обука, во зависност од нивното тековно искуство се нудат мала и голема подготовка.
Малата подготовка се одвива 10 часа по тест, наменета е за понапредните и вклучува информации за наставните програми, како и вежбање на практични тестови, додека големата подготовка трае 20 часа по тест, вклучува повеќе вежби и е наменета за помалку искусните.
За тоталните почетници се нуди т.н.р. "пакет од нула" од 64 часа за целосно подготвување за тестот.
Малата подготовка чини
25€ , цената на големата подготовка изнесува 45€, а "пакетот од нула" чини 115€. Малата подготовка се плаќа веднаш, за големата подготовка се обезбедени 2 рати, а за  "пакетот од нула" - 4 рати. Во цените се вклучени сите трошоци, а ДДВ за обука е 0%.
 
 
Enter doo, Ohrid. Copyright © 2000-2007 Enter. All rights reserved. Revised: August 29, 2007.