English
 
Дома
Софтвер
Обука
Хардвер
За нас
Контакт
ОБУКА ЗА УЧЕНИЦИ
Се изведува во текот на школската година во школите за англиски јазик, математика, компјутери и други странски јазици.
Наставните програми се соодветни на возраста и искуството на учениците, а распоредот е целосно прилагоден на нивните обврски и потреби.
Максимални ефекти се постигнуваат со истовремено изучување на два или повеќе предмети, тоа е т.н. комбинирана обука. Доказ за тоа е нашата школа за истовремено учење англиски јазик и компјутери, која е најголемата школа во Македонија за ученици до 18 години.
 
ВО НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА ВО ЕНТЕР ЌЕ ДОБИЕТЕ БРОЈНИ ПОПУСТИ И БЕНЕФИЦИИ:

Разгледајте ја богатата понуда на школи за ученици:

> Стандардна понуда за ученици
> Посебна понуда за најдобрите
> Ценовник
СТАНДАРДНА ПОНУДА ЗА УЧЕНИЦИ
ENGLISH - Англиски јазик за ученици
Обука по најпопуларните методи за совладување на англискиот јазик, организирана во мали групи, со најнова аудио-видео и компјутерска техника. Бесплатни додатни часови - консултации за подготовка за писмени работи и помош во редовната настава.
Наставни програми: Primary colors, Join in, English Worldwide, Language in use.
MATH - Математика во редовната настава
Подготовка на учениците за постигнување што подобри резултати во наставата по математика во основните и средните училишта. Групите се формираат врз основа на знаењето и амбициите на учениците. Обезбедени се бесплатни дополнителни часови во периодите на изведување на писмени работи во училиштата.
Наставни програми: По школска програма на основните и средните училишта и програма за приемни испити
COMPUTERS - Компјутерски знаења и вештини за ученици
Совладување на најпознатите светски програмски пакети на брз и лесен начин со обезбедени бесплатни прирачници и по принцип еден ученик на еден компјутер.
Наставна програма: Windows, Word, Internet, Corel Draw, PhotoShop, Flash, PowerPoint, Front Page, Visual Basic, Access, 3D Max...
POLYGLOT - Изучување на популарни странски јазици
Лесна и практична обука за запознавање со некои од најпознатите светски јазици. Модерните нагледни средства и врвните методи гарантираат висок процент на успех за краток период.
Наставни програми: Германски, Италијански, Шпански, Француски, Албански...
КОМБИНИРАНА ОБУКА
Меѓусебната поврзаност на англискиот јазик со компјутери, компјутерите со математиката или англискиот со другите странски јазици овозможува постигнување одлични резултати при истовремено изучување на два или повеќе предмети. Големиот попуст за комбинираната обука е дополнитална мотивација за масовната посетеност на овие школи.
ПОСЕБНА ПОНУДА ЗА НАЈДОБРИТЕ
SPEC - Програмирање и напредни техники за средношколци
Врвна обука за стекнување на напредни компјутерски вештини: програмски јазици, бази на податоци, веб дизајн, хардвер и системски софтвер и во која е вградено искуството на нашиот софтверски тим потврдено на домашни и меѓународни проекти.
Наставни програми: VisualBasic, Access, Pascal, FrontPage, Visio, Flash, 3D Studio Max, Хардвер, Системски софтвер.
MOS - Најпознатата меѓународна диплома на Microsoft
Подготовка и тестирање за најпознатата светска диплома за канцелариско користење на компјутерот; богата со вежби и практични тестови; голем попуст во однос на светските цени.
Наставни програми: Microsoft Word, Microsoft Excel, Microsoft PowerPoint, Microsoft Access, Microsoft Outlook.
EXAM - Меѓународни сертификати за англиски јазик
Целосна подготовка за полагање на некој од најпознатите интернационални тестови за познавање на англискиот јазик, со вклучено решавање на автентични тестови.
Наставни програми: PET, FCE, CAE, TOEFL, IELTS.
ЦЕНОВНИК

Школа

Часови Цена 1
(денари)
Цена 2
(денари)
Англиски јазик 64 3900 4900
Компјутери 64 4400 5400
Математика 70 4400 5400
Странски јазик 64 4400 5400
Англиски + Компјутери + гратис математика
Англиски + Математика + гратис компјутери
Англиски + Странски јазик
Компјутери + Математика + гратис англиски
128
134
128
134
6900 8500
Компјутери + Странски јазик
Математика + Странски јазик
128
134
7600 9200
Комбинирана обука: странски јазик + други две школи 192 10600 12900
Spec 40 3900 4900
MOS со вклучено тестирање 20 3900 4900
Exam 60 4900 6200

Цена 1
: за плаќање однапред (авансно до 10 Октомври) готовински, вирмански, со кредитни картички или на фактура.
Цена 2: за плаќање на 9 рати, месец за месец готовински, вирмански или на фактура.

Попусти и поволности:
• 15 % попуст за семејство
• 10% дополнителен попуст за ученици од 5 до 8 години
Бесплатни консултации и додатни часови за подготовка за писмени работи и помош во редовната настава

 
Enter doo, Ohrid. Copyright © 2000-2007 Enter. All rights reserved. Revised: August 29, 2007.