English
 
Дома
Софтвер
Обука
Хардвер
За нас
Контакт
ОБУКА ЗА ВОЗРАСНИ
Се изведува преку динамични и флексибилни курсеви, строго насочени кон постигнување ефикасни знаења за што пократко време. На располагање се мноштво програми од информатичката технологија, сметководството, англискиот и други странски јазици преку кои кандидатите се стекнуваат со некои од денес најбараните практични знаења и вештини.
СТАНДАРДНА ПОНУДА
АНГЛИСКИ ЈАЗИК ЗА ВОЗРАСНИ
Во зависност од степенот, одреден според претходното знаење, се обработуваат различни граматички и комуникациски вештини кои успешно го приближуваат англискиот јазик до конкретните потреби на кандидатите.
Наставни програми: Language in use, English file, Business English, Handshake...
СТРАНСКИ ЈАЗИЦИ ЗА ВОЗРАСНИ
Брз и едноставен систем за совладување на некои од најпознатите светски јазици (германски, италијански, француски, шпански...), со многу примери за стекнување на четирите  јазични вештини: слушање, читање, говорење и пишување.
Наставни програми: Германски, Италијански, Шпански, Француски, Албански.
ОСНОВЕН КУРС ЗА КОМПЈУТЕРИ - ПОЧЕТЕН КУРС
Универзален курс за возрасни-почетници; ги оспособува курсистите за извршување на основните операции: користење оперативен систем, обработка на текст, користење на Интернет.
Наставна програма: Windows + Microsoft Word + Интернет
OFFICE - КУРС ЗА КАНЦЕЛАРИСКА УПОТРЕБА НА КОМПЈУТЕРИТЕ
Најпопуларен курс за стекнување низа деловни компјутерски знаења; вклучува напредни техники за изработка на специјални документи (фактури, деловни писма, факсови...), табеларни пресметки и изработка на графикони
Наставни програми: Microsoft Word + Microsoft Excel
СПЕЦИЈАЛЕН - ПОСЕБНА КОМПЈУТРЕСКА ОБУКА
Ги насочува курсистите кон поединечни компјутерски вештини како што се графичкото дизајнирање, веб дизајнирањето, анимирањето и проектирањето
Наставни програми: Corel Draw, PhotoShop, Flash, Microsoft FrontPage, AutoCad, Microsoft Project
ЕКСПЕРТСКИ - ПРОФЕСИОНАЛНИ КУРСЕВИ ЗА КОМПЈУТЕРИ
Ги опфаќа курсевите за 3Д моделирање, курсевите за програмирање, бази на податоци, асемблирање на хардвер, системски софтвер и други специјални курсеви на повисоко ниво. Наставни програми: CorelDraw, PhotoShop, Flash, 3D Studio Max, VisualBasic, Access, SQL Server, MS Projecт, Системски софтвер.
КОМПЈУТЕРСКО СМЕТКОВОДСТВО
Компјутерско водење на сметководство на деловни субјекти; наменет за бизнисмените и вработените во сметководството, комерцијата и администрацијата.
Наставни програми: Финансиско и материјално книговодство, плати и основни средства.
MICROSOFT OFFICE SPECIALIST (MOS) - СЕРТИФИКАТ ЗА ВОЗРАСНИ
Подготовка и тестирање  за најпознатата светска диплома за канцелариско користење на компјутерот; богата со вежби и практични тестови; голем попуст во однос на светските цени.
Наставни програми: Microsoft Word, Microsoft Excel, Microsoft PowerPoint, Microsoft Access, Microsoft Outlook.
ПАКЕТ ОБУКА ЗА УСПЕШНА ПРОФЕСИОНАЛНА КАРИЕРА
Како полесно да се вработите или да ја унапредите својата кариера? Оспособете се за некоја од најбараните професионални вештини.
Некои од нив како деловното секретарство, компјутерското сметководство, програмирањето, графичкиот и веб дизајн или хардвер и системската интеграција се вистински занаети од кои човек може пристојно да живее, а други како канцелариското користење на компјутерот, деловниот англиски јазик, водењето проекти или меѓународната сертификација на знаењата се неопходност за било кој современ професионалец независно од неговата примарна стручна подготовка.
Сето тоа во Ентер го имате на дофат и тоа под најповолни финансиски услови. Пријавете се за некој од следните пакети обука и ќе добиете дополнителен попуст на стандардните цени од 15% и можност за плаќање на уште повеќе рати
Пакет Курсеви
Англиски во деловна комуникација Англиски за возрасни x 2 (Business English + Heandshake)
Меѓународна диплома за канцелариско работење Основен + Office (Word+Excel) + MOS (Word) + MOS (Excel) + 2 теста
Деловно секретарство Основен + Office (Word+Excel) + Business English + Деловна оперативна евиденција
Компјутерско сметководство Основен + Компјутерско сметководство
Програмирање бази на податоци Експертски x 2 (Visual Basic + Access)
Хардвер и системска интеграција Експертски x 2 (Хардвер+Системски софтвер)
Веб дизајн Основен + Office (Word+Excel) + Специјален x 3 (CorelDraw+Photoshop+FrontPage)
Графички дизајн Основен + Специјален x 2 (CorelDraw+Photoshop) + Експертски x 2 (CorelDraw+Photoshop)
Проект менаџмент Office (internet&Outlook) + Специјален (Project) + Експертски (Project)
ЦЕНОВНИК

Курс

Часови Рати Цена 1
(Ден.)
Цена 2
(Ден.)
Цена 3
(Ден.)
Англиски јазик за возрасни 50 4 3900 4400 4900
Странски јазик за возрасни 50 4 4300 4900 5600
Основен курс 24 2 1900 2200 2500
Office - канцелариски курс 20 2 1600 1900 2200
Специјален 30 3 2500 2800 3100
Експертски 20 2 2200 2500 2800
Компјутерско сметководство 60 4 4900 5400 5900
Деловно секретарство 60 4 4900 5400 5900
MOS - мала подготовка
MOS - голема подготовка
MOS - тестирање 
10
20
1
2
2
1
1200
2400
3100
1400
2600
3100
1600
2800
3100

Цена 1
: за плаќање однапред (авансно до 15 Октомври) готовински, вирмански, со кредитни картички или на фактура.
Цена 2
: за плаќање со депонирање на чекови (до 9 месечни рати) или со кредитни картички. Цена 3: за плаќање на 9 рати, месец за месец готовински, вирмански или на фактура.

Попусти и поволности:
• 15 % попуст за семејство
• 10% попуст за организирани групи
• 10% попуст за истовремено пријавување на повеќе курсеви

 
Enter doo, Ohrid. Copyright © 2000-2007 Enter. All rights reserved. Revised: August 29, 2007.