English
 
Дома
Софтвер
Обука
Хардвер
За нас
Контакт
ШТО РАБОТИ ЕНТЕРОВИОТ ОДДЕЛ ЗА ОБУКА?
Во рамките на Ентер работи голем центар за обука во кој се изведуваат општи и посебни курсеви за ученици, возрасни и организирани групи од фирми и институции. Во склоп на центарот е и најголемата македонска школа за истовремено изучување на комјутери и англиски јазик за ученици до 18 години која годишно ја посетуваат над 650 ученици.
КАКВИ СЕ УСЛОВИТЕ ЗА УЧЕЊЕ ВО ЕНТЕР?
Наставата се одвива во пет училници (три комјутерски училници со капацитет од по 9 работни станици и две посебно наменети училници за настава по странски јазици и математика, опремени со компјутер, ТВ, видео и аудио техника). Сите училници се климатизирани и имаат брз достап до Интернет преку ADSL profi линија.

КАКО Е ОРГАНИЗИРАНА НАСТАВАТА?
Во школи и курсеви. Школите се наменети за учениците до 18 години, се одвиваат во стандарден распоред со годишни наставни програми и даваат супер резултати на долги патеки.
Курсевите се попрактични за повозрасните или за оние кои се брзаат и имаат потреба од конкретни знаења.
КАКО СЕ ОДВИВА НАСТАВАТА?
Кандидатите се поделени во групи. Групите за компјутери се распоредени по принцип еден кандидат на една работна станица. Групите по математика, англиски или други странски јазици се мали (5-9 кандидати) прилагодени на возраста и искуството. Една средба со групата, предвидува одржување на блок од два наставни часа по 45 минути.
На крајот од курсот се врши тестирање на кандидатите и доделување на сертификат за успешно завршен курс. Сите предавачи се со висока стручна подготовка: дипломирани компјутерски инженери и дипломирани филолози.
КАКО СЕ ИЗВЕДУВА НАСТАВАТА?
Пријатниот амбиент, непосредноста и неформалноста, а во исто време максималната ефективност на часовите се дело на љубезните, вешти, способни и секогаш подготвени наставници. Максималното прилагодување на распоредот на потребите и обврските на кандидатите и задолжителното исполнување на предвидениот фонд на часови се ударните елементи на нашата настава.
ВОЗРАСЕН КАНДИДАТ СУМ, ТОТАЛЕН ПОЧЕТНИК. ИМА ЛИ ШАНСА ЗА МЕНЕ ?
Стотици возрасни кандидати успешно “проговорија“ англиски, уште поголем е бројот на оние кои го победија стравот од компјутерот. Значи, има надеж и за оние кои биле “скарани“ со англискиот и за оние кои не сакаат да слушнат да работат на компјутер.
КОИ КУРСЕВИ МОЖАТ ДА МИ ПОМОГНАТ ВО ПРОФЕСИОНАЛНАТА КАРИЕРА?
Ентер нуди мноштво специјализирани курсеви од најразлични области. Компјутерско сметководство за економисти, сметководители, бизнисмени или комерцијалисти; Курс за деловно секретарство; Комуникациски курс по англиски јазик; Деловен англиски; Проектирање во AutoCad за инженерите; Напредни програмерски техники во Visual Basic; Графички алатки и веб дизајн за новата генерација дизајнери; Подготовки за меѓународна сертификација на англискиот јазик; Подготовка и тестирање за најважната меѓународно призната диплома за најбараната компјутерска вештина Microsoft Office Specialist;  
КОИ СЕ ПРИДОБИВКИТЕ ОД MOS (Microsoft Ofiice Specialist) СЕРТИФИКАЦИЈАТА?
За учениците и студентите: секој постар од 13 години е пожелно да го поседува овој сертификат, посебно ако над година дена посетува школа за компјутери. Дипломата има важност при разни конкурси и евентуални приемни испити, при аплицирање за размена или посета во странство, а некаде заменува и полагање факултетски испит од ваков вид.
За невработените: познавањето на MS Word и/или MS Excel заедно со познавањето на англискиот јазик е основен услов во над 90% од објавените огласи за вработување.
За вработените: успешното тестирање Ви носи диплома која може многу да Ви ја унапреди кариерата. Не помалку важни се знаењата што ќе ги стекнете подготвувајќи се за тестот.
За менаџерите и сопствениците: 82% од американските менаџери веруваат дека MOS програмата донесла директни бенефиции за компанијата или институцијата. Овозможете им на вашите вработени да се тестираат. Тоа ќе Ви се врати со зголемена продуктивност, намалување на трошоците за додатни обуки, зголемена компетенција и можност вистинските луѓе да дојдат на вистинските места.
 
 
Enter doo, Ohrid. Copyright © 2000-2007 Enter. All rights reserved. Revised: August 29, 2007.