English
 
Дома
Софтвер
Обука
Хардвер
За нас
Контакт
АПЛИКАЦИИ
Категорија Апликации
Сметководство и финансии
Финансово книговодство
Материјално книговодство
Плати
Благајна
Камати
Основни средства и ситен инвентар
Комерција
Фактурирање
Нарачки
Понуди
Следење на комитентите (customer management)
POS
Каса
Евиденција во продавница
Производство
Магацинско работење
Погонско книговодство
Компјутерски подржан систем за контрола на квалитет
Кадровска евиденција
Персонална евиденција
Систем за регистрација на работно време
Менаџирање документи
Архива
Генерирање на обрасци
Следење на документите
Менаџерски (директорски) систем
Контакт менаџер
Пораки
Обврски
ФИНАНСОВО КНИГОВОДСТВО
Го сочинуваат следните модули: главна книга, добавувачи/купувачи, отворени ставки, пресметка на камати и девизно работење.
• главна книга: флексибилен контен план со произволна голема вгнездена аналитика; книжења организирани во финансови налози; автоматско затворање на година, билансирање и отворање на почетен налог; подршка на меѓународни смектоводствени стандарди; можност од планирање и буџетирање на пример за трошочните конта и споредба на планираното со тековното; класификација на книжењата по организациона единица, трошочен или профитен центар, проект или произволна категорија; можност да се користи интегрирано или издвоено со добавувачи/купувачи; подршка на книжење на повеќе валути; дневник на книжења како основа за генерирање на разни рапорти како салда конта, заклучен листи и други прегледи; повеќејазичнa подршка (македонски и англиски) за извештаите; сите прегледи можат да се филтрираат и пребаруваат по многу критериуми: на ниво на претпријатие или по организациони единици, по период, по класи, групи или конта, по аналитичко конто итн. со можна и комбинација на сите критериуми.
• добавувачи/купувачи: промптно евидентирање на задолжувањата, плаќањата и салдата на комитентите, независно од типот  и особините на плаќањата; следење на плаќањата на кредит/рати, како и доцнењата во однос на валутата;  функционално и брзо внесување на податоците; детални и групни извештаи за состојбите за одредени периоди; интелигентна поврзаност со главната книга, отворените ставки, девизното работење, благајната, фактурирањето и материјалното книговодство.
• отворени ставки: аналитичка евиденција на плаќањата по број на документ и комитент; автоматско затворање на ставките по даден критериум (прво најстарите фактури или по износ) или полуавтоматско по избор на операторот; можност од автоматско преземање на податоците од добавувачи/купувачи.
• камати: автоматско пресметување на месечните и дневните каматни стапки; креирање на каматни листи по комитенти и групно, врз основа на податоците од фактурите и отворените ставки.
• девизно работење: увозно/извозно работење, девизни калкулации, подршка на различни валути, дознаки, акредитиви, компјутеризирани сите увозно-извозни документи по потреба на корисникот.
МАТЕРИЈАЛНО КНИГОВОДСТВО
Книговодствено пратење на материјалната евиденција. Подршка на сите материјални документи важни од книговодствен аспект, како и можност од автоматско преземање податоци од магацините доколку истите се компјутеризирани. Го има следниот опсег:
Приемници, испратници, преносници, повратници на добавувачи, повратници од купувачи, извештаи за залихи, промет; следење на историјата на залихите и прометот (материјални картички); сите извештаи можат да се филтрираат и пребаруваат по многу критериуми, како на пример по период, на ниво на цело претпријатие или по магацини, за еден, група и или сите артикли итн.; функционална поврзаност со фактурирањето, благајната  и добавувачи/купувачи;
Плати
Програма за пресметка на платите и операционализација на нивната исплата. Претставува мост меѓу двата програмски пакети: сметководство и финансии и кадровската евиденција. Генерално се состои од два независни дела, кои по желба може ефикасно да се интегрираат: пресметка на даноците и придонесите тргнувајќи од нето плата и пресметка на нето платата врз основа на параметрите во фирмата:
евиденција на вработените, даночните стапки, придонесите, месечна просечна плата, минимална нето плата за пресметка на даноци и/или придонеси и др; пресметка на плати, аконтации и боледувања, обработка на персоналецот, обработка на придонесите; преглед на пресметките по различни параметри (месечна рекапитулација на платите, рекапитулација по вработен на одреден временски период итн.).
пресметка на платите врз основа на параметрите и критериумите на фирмата (бодови, норми, часови, стаж, казни, награди...)
БЛАГАЈНА
Збир од оперативни модули со кои се прати прометот на средствата во благајната и се врши програмско генерирање на разни благајнички образци. Висок степен на интегрираност со материјалното книговодство, главната книга, добавувачи/купувачи и материјалното книговодство. Во благајната компјутерски е подржано:
евиденција на влез и излез на средства од благајна, каса прими/исплати, дневник на благајна;
спецификации на чекови
налози за наплата
дознаки
камати
Модул за пресметка на камати кој може да функционира самостојно или поврзан со финансиското книговодство, притоа вршејќи:
автоматско пресметување на месечните и дневните каматни стапки креирање на каматни листи по комитенти и групно, врз основа на податоците од фактурите и отворените ставки.
ОСНОВНИ СРЕДСТВА И СИТЕН ИНВЕНТАР
Книговодствено и материјално водење на основните средства и ситниот инвентар преку два одделни модули функционално поврзани со главната книга;
• основни средства: основни податоци за средствата (датум на набавка, локација и сл.), амортизациони стапки, пресметка на амортизацијата, ревалоризации, отписи; разни прегледи и картички; сите пресметки се на ниво на фирма и на нејзини работни единици;
• ситен инвентар: основни податоци за инвентарот (номенклатура, опис, придружни податоци); евидентирање набавни документи; лоцирање на инвентарот, издавање и отпис; прегледи по магацини и периоди, картички;
ФАКТУРИРАЊЕ
Основен комерцијален и сметководствен процес, мост меѓу материјалните (испратници) и финансиските документи од една страна и комерцијалните (нарачки, понуди) од друга страна, претворен во посебен модул со следните елементи:
податоци за комитентите, валутите, начините на плаќање и испорака и сл.; можност од печатење во разни формати, со истакнато лого на фирмата и податоци на нејзнино барање; преземање на податоци од дадените понуди или од внесените нарачки од комитентите; feedback и споредба на нарачките со фактурите и испратниците; извештаи по разни критериуми (комитенти, валути, долгови и побарувања, даночен извештај и сл.)
НАРАЧКИ
Евиденција на влезните и излезните нарачки, особено важно за претпријатијата и институциите со интензивна комерцијана комуникација. Во себе вклучува:
следење на разни ценовници и анализа на комитентите, валутите, начините на плаќање и испорака и сл.; можност нарачките да се генерираат од претходно внесените понуди; feedback и споредба на нарачките со фактурите и испратниците; богат избор на извештаи за статусот и текот на нарачките, споредбени анализи и сл.
ПОНУДИ
Компјутеризирање на првиот чекор во комерцијалното работење.Во себе вклучува:
формирање на база на комитенти и потенцијални комитенти, евидентирање на понудите и формирање на ценовници, пратење на реализацијата на понудите и нивниот статус; извештаи по разни критериуми (реализирани и нереализирани понуди, споредба на понудите со фактурите и сл.)
СЛЕДЕЊЕ НА КОМИТЕНТИТЕ (CUSTOMER MANAGEMENT)
Комплетно пратење на комитентите (и добавувачи и купувачи) и целокупната коресподенција водена со нив преку:
формирање на база на комитенти со детални податоци за фирмата, нејзиниот менаџмент, производи и услуги, контакт - податоци и сл.; комплетно следење на комерцијалната коресподенција со комитентите;  софтверски подржан механизам за доажурирање на временски менливите основни податоци (пр. промена на  адреса или телефон) и пратење на историјатот на промени (пр. при промена на менаџерскиот тим се води сметка кој биланс во период на кој тим е изготвен и сл.);  интелигентни методи за откривање на промените и автоматизам во ажурирањето; низа извештаи потребни за компарирање на податоците за клиентите по разни критериуми: (пр. за иста фирма во разни периоди или во ист период за разни фирми од иста област). 
КАСА
продажбата преку тастатура и бар - код читач; печатење на сметките согласно законот за ДДВ за сите типови на фискални принтери; евидентирање на вересијата; сменско работење; функционирање на касата самостојно или како дел од систем во продавница;
следење на продажбата по денови, сати, продавачи, смени и каси; преглед на сметките од/до број, датум и време; извештаи за даночните обврски по тарифи
ЕВИДЕНЦИЈА ВО ПРОДАВНИЦА
автоматски прием на влезни документи во продавницата од магацинот, можност од рачен прием на документи (приемници, повратници од купувачи и сл.); преземање на продажбата од касите и формирање залихи; евиденција на "вересија"; анализа на промет по разни категории и за различни периоди; анализа на долговите и побарувањата од купувачите (вересија и сл.)
МАГАЦИНСКО РАБОТЕЊЕ
Детално пратење на лице место на потрошувачката на материјалите и контрола на користењето на алатот во магацините. Во себе вклучува:
единствена номенклатура на материјалите, алатот и готовите производи; евиденција на трансферот меѓу магацините и продавниците; покривање на требувањата, издатниците, приемниците, преносниците и повратниците; контрола на приемот и издавањето од магацините; водење по некоја од прифатените методи (ФИФО, ЛИФО и сл.) и врз основа на ИСО стандардите.
ПОГОНСКО КНИГОВОДСТВО
Функционален систем на следење на производството од излезот на материјалите до влезот на готовите производи преку:
креирање на нормативи и спецификации за потрошувачката на материјали и нормирање на работната сила; формирање на работни налози врз основа на податоците од комерција; преземање на податоците од магацинското работење преку требувањата и издатниците; следење на недовршеното производство, евидентирање на готовите производи и затворање на налозите; споредба на потрошувачката со нормираната потрошувачка; формирање на пресметана калкулација на цената на чинење врз основа на производните  трошоци; генерирање на планска калкулација и цена на чинење на производите врз основа на податоците од тековното производство; минимизирање на трошоците со компјутерска помош;                                            
КОМПЈУТЕРСКИ ПОДДРЖАН СИСТЕМ ЗА КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТ
Една од најважните компоненти на современото компјутеризирано производство, реализиран за:
брзо и ефикасно откривање на сите потенцијални и реални деформации во производството преку компјутерска подршка на ИСО и другите стандарди во сите производни фази и процеси: во набавката и чувањето на материјалите, нивното преземање и лансирање во производниот процес, формирањето на готовиот производ, пропратните внатрешни и надворешни услуги, пакувањето, транспортот и др; интегрирана врска со менаџерскиот систем и комерцијата; пратењето на материјалите и производите може да е поединечно и групно; можност да се следи и квалитетот на работењето на  вработените во производниот процес;
ПЕРСОНАЛНА ЕВИДЕНЦИЈА
Практично пресек на сите релевантни податоци за вработениот, негово електронско досие. Во себе ги содржи:
основни податоци за вработениот (раѓање, живеење, контакт - податоци); податоци за квалификационата структура на вработениот (минато и тековно образование, титула, специјализација и сл.); професионални податоци (работно место, стаж, плата, годишен одмор и сл.); компјутерско генерирање на документите за работникот (решенија за работно место, плата, годишен одмор, отсуства и сл.); автоматска пресметка на стажот; богат избор на поединечни и групни извештаи (кумулативи по квалификациона структура, по оддел или работна единица, по специјалност, листи за годишни одмори и сл.
СИСТЕМ ЗА РЕГИСТРАЦИЈА НА РАБОТНО ВРЕМЕ
Комбинација на ефикасна програма и посебни  уреди за евиденција на присуство на работникот на работното место. Се состои од следните модули:
евиденција на работното време: евиденција на времето на доаѓање и на напуштање на работното место, работа на терен или по задача, службено и приватно отсуство, лоцирање на работникот;
• распоред и планирање: планирање на активностите на дневно, месечно и годишно ниво; годишни одмори, патувања, теренска работа;
• анализа и извештаи:  извештаи за присуството на работа по вработен и на ниво на фирма, за произволен временски период (дневно, неделно, месечно, годишно), анализа на отсуствата, одморите, патувањата, поединечно и групно.
АРХИВА
Програма за прецизно и законски водење на деловодникот и архивирање на документацијата преку:
Евидентирање на приемот и испораката на документите; доделување на архивски број и датум на влез и излез; категоризација по тип (влезна фактура, сметкопотврда, патни налози, друго);  генерирање на журнали и тековни извештаи; пратење на протокот на документацијата меѓу комерција и сметководството; трајно архивирање на документот;
ГЕНЕРИРАЊЕ НА ОБРАСЦИ
Универзална апликација за генерирање на документацијата која не е директно подржана од апликациите во системот (најчесто еднократни или слободни документи претежно од правен, менаџерски и комерцијален карактер) со можност за:
поврзување со сите релевантни светски програми за генерирање на документи во разни формати (doc, xls, cdr, rtf...);  креирање на разни извештаи со репорт генераторот на Microsoft Access; генерирање на документи преку нивно скенирање; опфат на сите обрасци во употреба и нивно лесно прилагодување од страна на корисниците;
СЛЕДЕЊЕ НА ДОКУМЕНТИТЕ
Најкомплексниот дел на документ менаџментот реализиран преку:
поврзување на документите со нивните креатори и корисници, систем на контрола и овластување за користењето на документите, посебно кога еден документ е пополнуван од повеќе корисници, евидентирање на статусот на документацијата и текот на нејзиното движење; разни извештаи по тип на документ, корисник, статус, оддел или сектор, датум на креирање и измени и сл.
КОНТАКТ МЕНАЏЕР
Управувач и асистент за повеќе видови на контакт податоци организиран преку:
персонални и деловни телефонски именици и адресари со сите потребни податоци за фирмата и за лицата со кои се контактира и со можност за целосно компјутеризирана деловна коресподенција; следење на промените во податоците, големи можности при изразена електронска комуникација;
ПОРАКИ
Систем за интерно пренесување на формални и неформални пораки и тоа на :
екстерни телефонски, усни или компјутерски пораки, со назнака од кого се, за кого се,  кога е пораката доставена (датум и време) и евиденција дали е прочитана или не; интерни формални и неформални пораки меѓу вработените, посебно корисни кога треба да се архивира пораката или при отсуства, работа во различни смени и сл.
ОБВРСКИ
Систем за за доделување на обврски себе си или на другите вработени преку:
компјутерски водена листа од активности и задачи со назнака од кого се дадени, за кого се наменети, од каква категорија се и со кој рок за исполнување, како и со евиденција дали се завршени или се во тек; посебна евиденција на задоцнетите обврски; нивно координирано пренесување; разни анализи и извештаи по вработен, обврска, категорија  и сл.
 
Enter doo, Ohrid. Copyright © 2000-2007 Enter. All rights reserved. Revised: August 29, 2007.