|
|
 |
|
10 УДАРНИ ФАКТИ ЗА ЕНТЕР |
|
|
|
1. Прв македонски windows софтвер |
|
2. Најголем македонски производител на деловен (ERP) софтвер |
|
3. Прв македонски извозник на софтвер преку интернет |
|
4. Најголем македонски болнички информационен систем |
|
5. Најголема македонска школа за компјутери и англиски јазик
за ученици |
|
6. Врвен софтверски тим |
|
7. Компаниска инфраструктура од највисок ранг |
|
8. Постојан финансиски успех |
|
9. Комплетни решенија со сопствени сили |
|
10. Референтна листа за почит |
|
|
|
ПРВ МАКЕДОНСКИ WINDOWS СОФТВЕР |
Ентер е првата компјутерска компанија во Македонија, која што
уште во 1995 год. започна да развива професионални апликации
за Windows - оперативните системи и практично имплементира
информационен систем врз база на клиент - сервер
технологијата. Програмскиот пакет Visual Accounting е прва
македонска Windows - програма за комплетно водење на
сметководство за сите претпријатија и институции. |
|
НАЈГОЛЕМ МАКЕДОНСКИ ПРОИЗВОДИТЕЛ НА ДЕЛОВЕН (ERP) СОФТВЕР |
|
Ентер е најголемиот македонски производител на деловен (ERP)
софтвер. Софтверските пакети Luca / Visual Accounting се
испорачани во преку 300 компании и институции во Македонија,
Србија и Косово. |
|
Производ/ Клиенти |
Мали |
Средни |
Големи |
Вкупно |
| Luca/VA - Македонија |
194 |
64 |
31 |
289 |
| Luca/VA - Србија |
5 |
4 |
3 |
12 |
| Luca/VA - Косово |
|
1 |
1 |
2 |
| Luca/VA - Вкупно |
199 |
69 |
35 |
303 |
 |
|
ПРВ МАКЕДОНСКИ ИЗВОЗНИК НА СОФТВЕР ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ |
Ентер е првата македонска компанија која го извезува својот
софтвер преку Интернет уште од 1999 год. Cyber Monitor,
апликацијата за евиденција и контрола на работењето во
интернет кафеа, сајбер клубови, библиотеки, школи, хотели и
др. места каде што компјтерот е во јавна употреба се продава
и одржува преку сајтот на Ентер и досега е инсталирана на
преку илјада места во над седумдесетина земји, најмногу во
САД (30%). Комплетниот процес од набавката на некои
софтверски алатки и дел од развојот, преку маркетингот,
продажбата и наплатата, до подршката и одржувањето се
одвиваат преку стандардните интернет сервиси. Апликацијата е
повеќејазична, со вградени help, setup систем и заштита и е
уникатен пример за можноста и способноста на македонските
компании да бидат глобално конкурентни. |
|
 |
|
Cyber Monitor - прв македонски софтвер на
интернет |
|
НАЈГОЛЕМ МАКЕДОНСКИ БОЛНИЧКИ ИНФОРМАЦИОНЕН СИСТЕМ |
Екипата на Ентер го има изработено досега најкомплетниот
болнички информационен систем базиран на персонални
компјутери: информациониот систем во Болницата за ортопедија
и трауматологија во Охрид (над 50-тина работни станици, со
над 170 активни корисници и целосна компјутерска евиденција
на сите здравствени и административни активности). |
|
НАЈГОЛЕМА МАКЕДОНСКА ШКОЛА ЗА КОМПЈУТЕРИ И АНГЛИСКИ ЈАЗИК ЗА
УЧЕНИЦИ |
Во рамките на Ентер работи голем центар за обука во кој се
изведуваат општи и посебни курсеви за компјутери и англиски
јазик за ученици, возрасни и организирани групи од фирми и
институции. Во склоп на центарот е и најголемата македонска
школа за истовремено учење на компјутери и англиски јазик
која годишно ја посетуваат над 700 ученици. |
|
ВРВЕН СОФТВЕРСКИ ТИМ |
|
Во Ентер работат најдобрите софтверски инженери, специјалисти
за бизнис решенија, интердисциплинарно надградени во својот
развој и оспособени за најсложени имплементациски и развојни
потфати. Вкупниот број на вработени е 28 лица, сите со
висока стручна подготовка. |
| Менаџмент |
3 |
| Развој и имплементација на
софтвер |
11 |
| Системска интеграција и
хардвер |
2 |
| Тренинг центар |
4 |
| Продажба |
2 |
| Поддршка на корисници |
3 |
| Администрација |
3 |
| ВКУПНО |
28 |

|
|
КОМПАНИСКА ИНФРАСТРУКТУРА ОД НАЈВИСОК РАНГ |
деловни простории:
1. цца160м2 сопствени деловни простории во Охрид на ул. Јане
Сандански бр.26 каде што е одделот за обука;
2. изнајмени простории: 220м2 на ул. Туристичка згр.
Охридски Комуналец, Охрид каде што се сместени:
администрацијата, одделот за апликативени софтвер и
информациони системи, одделот за извоз на софтвер и одделот
за хардвер и сервисирање.
3. изнајмени простории 80 м2 на ул. Огњан Прица б.б. Скопје,
каде што е сместен имплементацискииот тим кој го покрива
Скопје и околните региони.
техничка опременост:
1. компјутер од најнова генерација и мобилен телефон и
е-маил за секој вработен
2. три службени возила
3. две ADSL Профи линиии за интернет, плус уште четири ISDN
линии
4. 5 компјутеризирани училници со 28 компјутери и најнова
аудио-видео опрема
5. веб сајтови:
www.enter.com.mk и
www.cybermonitor.net |
|
ПОСТОЈАН ФИНАНСИСКИ УСПЕХ |
Ентер за сите години од своето постоење работи со
перманентен натпросечен раст на добивката, без ниту еден ден
блокирани сметки и има постојано позитивен бонитет.
Во прилогот е пренесен заклучниот дел од последниот извештај
за бонитетот на Ентер:
|
|
 |
|
Позитивен бонитет за целиот период на постоење |
|
КОМПЛЕТНИ РЕШЕНИЈА СО СОПСТВЕНИ СИЛИ |
Ентер е една од ретките компании во Македонија која може со
сопствени ресурси да одговори на сите барање на клиентите
поврзани со компјутеризацијата на нивните организации: да
проектира информационен систем, да набави квалитетен
хардвер, да инсталира компјутерски мрежи и системски
софтвер, да развие софтвер за сите деловни потреби, да
спроведе општа и посебна обука за сите корисници и да изведе
квалитетно и навремено одржување на системите на
територијата на цела Македонија. |
|
РЕФЕРЕНТНА ЛИСТА ЗА ПОЧИТ
|
Погледнете ја нашата референтна листа на изведени ЕРП
проекти и реализирани други информациони системи од сличен
ранг:
Cyber Monitor, апликацијата за евиденција и контрола на
работењето во интернет кафеа, сајбер клубови, библиотеки,
школи, хотели и др. места каде што компјтерот е во јавна
употреба се продава и одржува преку сајтот на Ентер и досега
е инсталирана на преку илјада места во над седумдесетина
земји, најмногу во САД (30%). Комплетниот процес од
набавката на некои софтверски алатки и дел од развојот,
преку маркетингот, продажбата и наплатата, до подршката и
одржувањето се одвиваат преку стандардните интернет сервиси.
Апликацијата е повеќејазична, со вградени help, setup систем
и заштита и е уникатен пример за можноста и способноста на
македонските компании да бидат глобално конкурентни.
АД Алкалоид - Скопје (три локации - 1400 вработени)
-
информационен систем за комерција и логистика; изведен во
2005-2006 год. и инсталиран на над 40 работни станици;
специјален логистички и магацински софтвер со подршка на
RFID бар-код читач; подршка на GAMP и ISO стандардите; веб
базиран систем за извештаи;
АД Фиделинка - Суботица - Србија (дванаесет локации - 1800
вработени во холдинг од десетина фирми) - ERP деловен
софтвер (сметководство, финансии, комерција, производство)-
вториот извозен продукт на Ентер, инсталиран во 2005 година
и комлетно прилагоден на српското сметководство и
меѓународните стандарди. Активен на над 50 станици на повеќе
локации; системот на извештаи е веб базиран.
Проект на Министерство за транспорт и врски и ЕБРД за
водоводни претпријатија - информационен систем за билинг
(наплата) и сметководство инсталиран во 4 водоводни и
комунални претпријатија во Струмица, Куманово, Велес, и
Охрид/Струга во октомври 2003 год, како дел од големиот
проект во кој влегуваат и набавката на хардвер и ГИС.
АД Агрохем - Нови Сад - Србија (две локации - 260
вработени) - сметководствен и информационен систем заснован
врз Visual Accounting 2000 - вториот извозен продукт на
Ентер, комлетно прилагоден на српското сметководство и
меѓународните стандарди. Инсталиран на над 20 станици,
вклучува модули за финансии, сметководство, комерција и
кадровска евиденција; системот на извештаи е веб базиран.
АД ФБЦ Мајданпек- Србија и Црна Гора (една локација - 450
вработени) - сметководствен и производствен информационен
систем за потребите на фабриката за бакарни цевки, усогласен
на српското сметководство и меѓународните стандарди.
Имплементацијата е во тек со инсталации над 50 станици,
вклучува модули за финансии, сметководство, производство,
комерција и кадровска евиденција; системот на извештаи е веб
базиран.
Фабрика за кабли - Неготино (една локација - 500 вработени)
- информационен систем за сметководство, финансии, комерција
и магацинско работење инсталиран во 2006 год. на 20 работни
станици во Неготино
САП Весна (Злетово батерии) - Пробиштип (три локации - 300
вработени) - ЕРП информационен систем за сметководство,
финансии и материјално работење, производство, комерција,
ИСО стандарди - активиран во 2002 год и надграден 2007. и
инсталиран на 30 работни станици;
ЈЗО Специјална болница за ортопедија Св. Размо - Охрид (една
локација - 300 вработени) - најголем здравствен
информационен систем во Македонија; комплетна и
автоматизирана покриеност на здравствените, материјалните и
финансиските активности на болницата, изведен во 1997-1998
год. и инсталиран на околу 40 работни станици и преку 100
корисници.
ЈЗО Центар за превенција на кардиоваскуларни заболувања Св
Стефан - Охрид (една локација - 180 вработени) - здравствен
информационен систем; активиран во 2002 год. на над 25
работни станици и со преку 40 активни корисници
Он нет - Скопје (две локации - 80 вработени) - деловен
информационен систем (ЕРП), сметководство, билинг (наплата),
сервис и набавка - на преку 50 работни станици, инсталиран
во 2006 година во Скопје
Гица дооел - Охрид (три локации - 120 вработени)
-
информационен систем за сметководство, финансии и
материјално работење, инсталиран во 2001 год. на 15 работни
станици во Охрид и Скопје
АД Галеб - Охрид (две локации - 150 вработени)
-
информационен систем за сметководство и финансии инсталиран
и пуштен во употреба во 2000-2001 год. на 12 работни
станиции; компјутеризиран сервис и магацинското работење,
наредни чекори - компјутеризација на автобуската станица
Проект на Министерство за земјоделство, шумарство и
водостопанство и Светска банка за рехабилитација на
водостопанските претпријатија - информационен систем на
државно ниво за целосна компјутеризација на водостопанските
претпријатија; пилот инсталации во Кочани, Кавадарци,
Гостивар и Тетово, сите податоци автоматски се пренесуваат
во центарот во Скопје;
ЈП Охридски комуналец - Охрид - информационен систем за
наплата, сметководство, финансии и материјално работење,
инсталиран во 2004 год. на 10 работни станици во Охрид
ЈП Комуналец - Ресен - информационен систем за наплата,
сметководство, финансиии материјално работење, инсталиран во
2004 год. на 6 работни станици во Охрид
МХК Злетово (Топилница) - Велес - (три локации - 1600
вработени, моментално во стечајна постапка) - информационен
систем за сметководство и финансии изведен во 2000 год. и
инсталиран на над 35 работни станици; посебно изведен систем
на извештаи по меѓународни сметководствени стандарди;
моментално се изведува систем на далечинско автоматизирано
магацинско работење со фактурирање
АД Агроплод - Ресен (три локации - 400 вработени)-
информационен систем за сметководство, финансии, магацинско
работење и комерција во Ресен и Скопје изведен во 1999-2000
год. и инсталиран на над 30 работни станици
АД Стружанка - Струга (една локација - 700 вработени,
моментално во стечај) - информационен систем за
сметководство, финансии и магацинско работење, изведен во
1999-2000 год. и инсталиран на над 15 работни станици;
моментален статус - паушално одржување
АД Охридска банка - Охрид (една локација - 200 вработени)
-
информационен систем за долгорочно кредитирање изведен и
инсталиран во 2000 год. на 5 работни станици; информационен
систем за бонитет на фирмите инсталиран во 2000 год. на 4
работни станици;
Хоризонти - Скопје (шест локации - 50 вработени)
-
информационен систем за фондација за микрокредитирање
инсталиран на 10 работни станици во 2006 година
Пензиско друштво на Тутунска банка - Скопје (една локација -
30 вработени) - сметководствен и финансиски менаџмент
информационен систем инсталиран и активиран на 5 работни
станици во Скопје
Невладина организација - Сорос - Скопје (една локација - 50
вработени) - проект за развој на информационен за следење на
успехот на учениците од ромска националност, софтвер
инсталиран на 5 работни станици во 2005-2006 година во
Скопје
ЈП Македонски шуми - Галичица - Охрид - сметководствен
информационен систем, активиран во 2003-2004 год. и
инсталиран на 8 работни станици
Единици за локална самоуправа: општини Охрид и Белчишта
(една локација - 150 вработени) - сметководствен и буџетски
софтвер инсталиран во 2002 година на 5 работни станици
ЈЗО Специјална детска болница Св Стефан - Охрид (една
локација - 70 вработени) - здравствен информационен систем
пуштен во употреба во 2000 год. на 10 работни станици
ЈЗО Медицински центар - Охрид (една локација - 900
вработени) - софтвер за кадровска евиденција и правн служба
инсталиран во 2001 год.
Комунални инспекции (три локации - 30 вработени)
-
компјутерски документ менаџер за комунални инспектори
инсталиран во Охрид, Струга и Ресен во 2001 год
Инсталации на програмски пакети во над 250 мали
претпријатија (мали производствени и трговски претпријатија,
агенции, аптеки, проектански и административни бироа, школи)
во Охрид, Скопје, Струга, Битола, Ресен, Гостивар, Велес,
Кочани, Кавадарци, Тетово, Пробиштип и Крива Паланка.
ТЕКОВНИ ПРОЕКТИ:
• Римес - Скопје - деловен информационен систем (ЕРП)
• Алкос - претставништво на Алкалоид во Косово, Приштина -
деловен информационен систем (ЕРП)
• Ауто ЦЕМ - Тетово - деловен информационен систем (ЕРП)
• Солопром - Скопје - деловен информационен систем (ЕРП)
• Луксор акваматик - Скопје - деловен информационен систем
(ЕРП)
• Опел Старт - Охрид - деловен информационен систем (ЕРП)
• Ариазоне Интернатионал Еуропе - Охрид / Мелбурн - деловен
информационен систем (ЕРП) |
|
|