|
10 НАЈЗНАЧАЈНИ ДЕЛОВНИ ФУНКЦИИ |
|
|
|
1. Билансирање во реално време |
|
2. Веб извештајник со drill down аналитика |
|
3. Трошочен менаџмент |
|
4. Бизнис планер |
|
5. Калкулатор на сложени деловни пресметки
|
|
6. Автоматско контирање и книжење |
|
7. SCM - Supply Chain Management |
|
8. Следливост и контрола на квалитет |
|
9. Workflow и Audit Trail |
|
10. Процесна интеграција и функционална поврзаност |
|
|
|
Билансирање во реално време |
Една од најмоќните функции на Luca е системот за автоматско
генерирање на билансите на состојба и успех, извештајот за
готовинскиот тек и финансиските индикатори. Најважно од сé е
што билансите може да се добијат тековно и во реално време,
без да се чекаат завршните сметки. Сето тоа се прави
софтверски, со метод на симулација, без да мора да се
извршат завршни книжења.
|
 |
|
Главни карактеристики: |
Финансиски индикатори |
• Биланси на состојба за мали и големи субјекти
• Биланси на успех за мали и големи субјекти
• Извештај за готовински тек (Cash Flow)
• Финансиски индикатори (солвентност, ликвидност, финансиска
сигурност, кредитна способност, степен на задолженост,
степен на самофинансирање...)
• Повеќегодишно споредување на билансите и индикаторите
• Можност за самостојно креирање на билансите од крајните
корисници
• Автоматска подготовка на завршни сметки и отворање нови
години
• Целосен увид во тековниот бонитет и споредба со извештаите
од Централен Регистар
• Усогласеност со Меѓународни Сметководствени Стандарди
(IAS) и можност од приказ на англиски јазик |
|
Веб извештајник со drill down аналитика |
|
Веб извештајникот со drill down анали-тика е најпосакуваната
менаџерска алатка, затоа што излегува во пресрет на нивната
најголема потреба - самите да можат лесно и брзо да ја
извлечат посакуваната информација од масата на податоци и
тоа да го направат од било каде и во било кое време. Фактот
што со својот лаптоп преку интернет броузер, можат
едноставно да достапат до сите релевантни компаниски
подато-ци, не само што ги прави менаџерите пооперативни,
туку и ја засилува кон-тролата и дисциплината во компанијата
за време на нивното отсуство.
|
 |
|
|
Веб базиран извештајник |
Drill down (бушење надолу) ја има
функцијата на извлекување на податоци по принципот „од општи
кон поединечни“. Вообичаената навигација е да се тргне од
билансите, па преку салдата и картичките да се дојде дури до
скенираниот оригинал на документот што ги предизвикал
книжењата.
Главни карактеристики:
• Систем на извештаи достапен од секаде и во било кое време
• Моќна алатка за менаџери кои многу патуваат или сакаат да
работат и од дома
• Следење на сите неопходни информации за decision making -
биланси, деловни партнери, планови, материјални документи
• Движење по линковите по принцип на drill down (копање по
податоците надолу - од општи кон поединечни)
• Навигација: биланси -> салда - > картички -> документи ->
оригинали |
|
Трошочен менаџмент |
Трошочниот менаџмент се состои од низа од функции вградени
во деловните процедури кои помагаат во успешното справување
со трошоците и доведуваат до нивна минимизација. Паметното
моделирање на системот на трошоци обезбедува трошоците
успешно да се „ловат“ во моментот на настанување и праведно
да се распоредат по места и носители.
Главни карактеристики:
• Класификација на трошоците (по видови, директни /
индиректни, фиксни / варијабилни)
• Автоматски распоред на влезни трошочни документи (фактури,
сметки) по организациони единици |
 |
|
Норматив - калкулација |
• Директно евидентирање на материјалните трошоци од
издатниците и работната рака од работните листи во работните
налози
• Алокација на индиректните трошоци по трошочни објекти со
избор на основ за алокација (произведени единици, директен
труд, машински часови, директни материјали и др.);
• Автоматско книжење во главна книга
• Функционална врска со погонско книговодство |
|
Бизнис планер |
Бизнис планерот е систем на документи и процедури за
финансиско планирање (буџетирање) и генерирање на оперативни
планови (продажба, производство, набавка) за произволни
временски периоди и за различни нивоа на организациони
единици. Претставува идеален механизам за мерење на
остварувањето на посакуваните цели (таргети). Флексибилноста
во поставувањето на плановите во временска и организациска
смисла, како и нивната меѓусебна поврзаност, прави
планирањето во компаниите да не биде „мртва буква на
хартија“, туку многу важна и применлива менаџерска функција.
|
 |
|
Главни карактеристики: |
Креирање буџет |
• Буџетирање и планирање врз основа на претходна историја и
статистички методи
• Софтверска асистенција во генерирањето на плановите и
буџетите со помош на статистички методи и други методи на
калкулација
• Буџетирање по конта,организациони единици и периоди
• Планирање во произволни временски порции (година, квартал,
месец)
• Автоматизам при планирање од едни во други временки порции
и
• Механизам на ограничување на реализацијата и „пробивање“
на буџетите
• Анализа: планирано / реализирано на сите нивоа.
 |
|
Калкулатор на сложени деловни пресметки |
|
Елегантниот систем на Luca за изведување комплексни деловни
калкулации им обезбедува на компаниите додатна сигурност во
настапот на пазарот и ги засилува аналитичките перформанси
на менаџментот при носењето на одлуките. Тука не се опфатени
само со закон пропишаните калкулации (трговски пред сé),
ниту само калкулациите како документи (увозни, набавни,
производни), туку сите пресметки од планска и аналитичка
природа: евалуации на набавки и тендери, пресметки на
производство, калкулации на цени при формирање на ценовници
и понуди, распореди на трошоци и товари од книжни
одобренија, калкулации на плати и сл. |
 |
|
Главни карактеристики: |
Девизна набавна калкулација со распоред
на трошоци |
• Набавни, продажни, производни и трговски калкулации
• Автоматски пресметки на цени и оперативни маржи (просечни,
последни, по комитенти, за периоди)
• Плански калкулатори за ценовници и понуди
• Евалуации на понуди и избор на добавувачи врз основа на
внесени понуди и критериуми
• Девизни калкулации и претворања во соодветни валути
• Пресметки на производство и цени на чинење
• Распоредување на товарот од книжните одобренија соодветно
на артиклите и цените
• Калкулации на плати
• Формирање на нормативи - калкулации.
 |
|
Автоматско контирање и книжење |
|
Автоматското книжење е веројатно најефективната функција во
Luca, со која сите рутински, повторливи операции му се
препуштаат на компјутерот, при што видливо се забрзуваат
процесите и се елиминира факторот човечка грешка. При тоа не
се опфатени само контирањата во главна книга, туку и
книжењата во книгата за ДДВ евиденција (влезно-излезни
фактури), финансиската оператива (салда конта), книгата на
трошоци, погонската книга и сл. Системот на автоматско
книжење ги вклучува буквално сите документи кои завршуваат
во финансиското сметководство и може да се активира од сите
модули што „книжат“: материјало книговодство, фактурирање,
плати, основни средства, изводи, благајна и др. |
 |
|
Шема за автоматско книжење на фактура |
Главни карактеристики:
• Шеми за автоматско книжење за сите релевантни документи
• Книжење по тип на документ, вид на обработка и ОЕ
• Автоматско книжење од: материјално, фактурирање, плати,
основни средства, ситен инвентар, благајна, изводи
• Автоматска пресметка на ДДВ и книжење во книгата за ДДВ
евиденција
• Автоматизација на книжења на влезни фактури со воведување
на елементи и соодветни конта
• Автоматски книжења во финансиската оператива, книгата на
трошоци, погонската книга и сл
• Пакетно книжење по тип на документи и периоди
• Книжење и раскнижување само од овластени лица.
 |
|
SCM - Supply Chain Management
|
|
Пакетот модули за управување со синџирот на снабдување,
т.н.р. - SCM - (Supply Chain Management) е дефинитивно
најсилниот адут во промовирањето на Luca во водечки деловен
софтвер не само во Македонија, туку и во пошироки регионални
рамки. Тој е клучна компонента за брза и навремена
реализација на нарачките со истовремено намалување на
снабдувачкиот циклус и минимално врзување на средства во
залихите. Luca SCM ја игра улогата на „логистички чадор“ кој
ги покрива не само основните компоненти на синџирот:
Продажни проценки - Производни барања - Налози за набавка,
туку и споредните, како што се
магацинското работење, набавката, производството и
продажбата. |
 |
|
Продажни проценки во
SCM |
Главни карактеристики:
• Sales Forecasts - прв чекор во SCM: се генерираат
продажните проценки (рачно или врз основа на претходна
статистика)- планирања на продажбите по пазари, региони и
комитенти за произволен период
• Production Requriaments - втор чекор во SCM: врз основа на
продажните проценки, моменталните залихи на готови
производи, производството во тек, како и сигналните залихи
се генерираат производните барања со што всушност се планира
производството
• MRP (Material Requirement Planning) - трет чекор во SCM:
за потребните производи преку нормативите се креира
потребната количина на суровини и репроматеријали. Се
анализира тековната залиха на суровините и
репроматеријалите, нарачаната стока на пат, потребната
минимална залиха во магацините за суровини и репроматеријали
и автоматски се генерираат планот и налозите за набавка
• Функционира како самостоен SCM пакет, но и како дел од
поширок ERP систем. |
|
Следливост и контрола на квалитет
|
|
Оваа функционалност на Luca во најголема можна мерка
придонесува во стекнувањето на самодовербата во компаниите
дека конечно се здобиваат со целосна контрола на
производните процеси. Можноста да и се „влезе во трагата“ на
секој производна серија, да се знае каде се продала, за во
случај на „фабрички дефект“ да може да се повлече од пазарот
на преработка или уништување и во исто време способноста
точно да се знае кои суровини и од кои добавувачи
учествувале во нејзиното производство, за да може навремено
да се рекламираат неисправните суровини, но и обратно, да се
следат и форсираат најквалитетните производни и набавни
серии, го подигнува продукцискиот квалитет на ниво,
иманентно само на најдобрите на пазарот. |
 |
|
Следење на суровините за готов производ |
Главни карактеристики:
• Влезна контрола на суровини и репроматеријали
(квантитативна, квалитативна)
• Контрола на производство (излез од производство - влез во
магацин за готов производ)
• Употреба на влезни и производни серии во функција на
следливоста
• Користење на етикети и бар-кодирање во пратењето на
сериите
• Прво ниво на следливост: - за секој готов производ се знае
точно од кои суровини е произведен и за секоја суровина се
знае во кои производи е вградена
• Второ ниво на следливост: за секоја серија на суровина се
знае од кој добавувач е купена
• Трето ниво на следливост: за секоја произведена серија се
знае на кој купувач е испорачана
• Следливост во функција на поврат на царински давачки . |
|
Workflow и Audit Trail
|
|
Документите што се обработуваат во Luca, не се само
примитивни, статични маски кои служат за внесување на
податоци и печатење, туку живи образци кои електронски
движат меѓу службите, а фазите на нивна обработка прецизно
се пратат и анализираат. Притоа точно се знае кој документ
каде се наоѓа и колку време се обработувал од надлежниот
службеник, со што не само што се олеснува и забрзува
протокот на деловната документација, туку и се мери
ефикасноста на луѓето задолжени за нејзина обработка.
|
 |
|
Audit trail - регистрација на промени на
серија |
Audit
Trail компонентата, како надградба на workflow системот
внесува дополнителна безбедност во работењето, затоа што
дава можност да се снимаат сите важни операции на
корисниците и точно да се знае што и од кого се внесло,
променило или избришало.
Главни карактеристики:
• Богат и функционален систем за дефинирање на службите и
поврзување на службениците (корисници) со деловните
документи
• Спецификациите на документи поставени по служби и
службеници како основа на workflow системот
• Електронски проток на документите низ службите, паралелно
со физичкото движење за потпис и архивирање
• Деловната архива - почетна и крајна точка на компанискиот
workflow
• Физичко скенирање и складирање на скенираниот документ
како дел од workflow системот на Luca, со можност за лесен
достап за увид на оригиналот.
• Тековен увид во протокот - кој документ каде се наоѓа и од
кого моментално се обработува
• Audit Trail - по секоја корисничка операција се
надополнува лог фајлот со следните параметри (корисник,
работна станица, операција, датум, време).
• Комплексен извештајник за трансакцискиот лог
• Софистициран Audit trail за клучните операции - уште
попрецизно евидентирање на промените и откривање на трага во
случај хаварии |
|
Процесна интегрираност и функционална поврзаност |
|
Во Luca сé е интегрирано и поврзано и затоа Luca е вистинско
ERP решение, а не прост збир на изолирани модули кои не
соработуваат меѓу себе и го комплицираат и оневозможуваат
нормалното работење. Интегрираноста се обезбедува со
прецизниот дизајн со кој точно се знае редоследот на
процесите и нивните меѓусебни релации, како и со одличното
дефинирање на матичните податоци кои се споделуваат од
страна на сите модули. Поврзаноста се реализира со низа
функции со кои тековниот документ ги презема заедничките
податоци од матичните шифрарници или од претходниот документ
во циклусот. |
 |
|
Преземање на ставки од требување во
издатница |
Ваквиот пристап овозможува јасно лоцирање на
одговорноста, бидејќи секој си го работи својот дел и
одговара само за него, но и вработените подобро
соработуваат, бидејќи зависат едни од други, затоа што не
можат едните да ја комплетираат работата ако оние пред нив
во циклусот не ја завршиле својата задача.
Главни карактеристики:
• Богата база на матични шифрарници на располагање за
интегрирана употреба на компаниско ниво (артикли, комитенти,
организациони единици, вработени)
• Конфигурабилен систем за централно дефинирање на бизнис
процесите, циклусите и оперативните процедури.
• Електронско движење на заедничките податоци од документ во
документ
• Single entry принцип - внесување на податокот само еднаш и
на местото на настанување а не отпосле од друг корисник
• Нов револуционерен приод во дефинирањето на сопственоста и
правата на корисниците : надлежност над електрноски
податоци, наместо надлежност над хартиени документи.
• Автоматизирано преземање од матични документи (Пр.
фактурирање со преземање цени од ценовници или со рабати од
комерцијални договори и сл.)
• Автоматизирано преземање на ставки од претходни документи
во циклусот. (Пр. внес на ставки од фактура со преземање на
ставките од нарачката)
• Можност за преземање на податоци од други софтвери
• Поврзување со деловните партнери преку трансфер на
извештаи и документи преку електронска пошта
• Поврзување со други комерцијални апликации (MS Word, MS
Excel, OLAP, BI) без преправки на изворниот код,
• Промптна достапност на заедничките податоци од
авторизирани корисници |