|
10 ИМПРЕСИВНИ МОДУЛИ ЗА
ПОСЕБНА НАМЕНА |
|
|
|
1. Архива |
|
2. Сметководство на одговорност |
|
3. Тендер |
|
4. Одржување и сервисирање на основни средства |
|
5. Проектен менаџмент |
|
6. Поддршка на стандарди - ISO, HACCP, IAS |
|
7. Billing |
|
8. Откупна станица |
|
9. Ресторанско работење |
|
10. Аптека |
|
Архива |
|
Прецизно пратење на протокот на сметководствената
документација преку: евидентирање на приемот и испораката на
документите; доделување на интерен број и датум на влез и
излез; категоризација по тип (влезна фактура, сметкопотврда,
патни налози, друго); скенирање и снимање на влезните
документи и поврзување со соодветно книжените ставки;
генерирање на журнали и тековни извештаи; пратење на
протокот на документацијата меѓу комерција и
сметководството; трајно архивирање на документот; |
 |
|
Евидентирање на влезен документ во
архива |
|
Сметководство на одговорност |
|
Интерно мерење на успешноста на работењето во компаниските
оддели, идеално за сложени компании и холдинзи;
идентификација на центрите на одговорност(трошочни,
приходни, профитни, инвестициони); евидентирање на настаните
во центрите на одговорност директно преку автоматизиран или
полуавтоматизиран систем на книжење или индиректно преку
другите софтверски модули (трошочен менаџмент, главна книга
и сл.); систем на извештаи за анализа на успешноста;
евиденција на работењето на други друштва во сопственост на
компанијата; собирање на податоците од друштвата во
сопственост на компанијата и формирање консолидирани биланси; |
 |
|
Дефинирање на организациони единици
како центри на одговорност |
|
Тендер
|
|
Специјален модул за избор на
добавувач, кој може да го користат компаниите, согласно
своите тендерски процедури, но и кој е целосно усогласен со
Законот и правилниците за јавни набавки. Ги вклучува
следните документи кои целосно го заокружуваат тендерскиот
циклус - Објавување на тендер, Дефинирање на критериуми,
Отварање, Влезни понуди, Евалуација (Оценување), Рангирање и
избор на набавувач. Процесирањето на тендерот може да биде и
веб базирано (доставување спецификации и внес на понуди од
страна на понудувачите). Запазени се и сите процедури
согласно ИСО стандардите за верификување и рангирање на
добавувачите; |
|
 |
|
Евалуација и автоматско рангирање на
тендер |
|
Одржување и сервис на основни средства |
|
Специјализиран модул за тековното и
инвестиционо одржување на машинскиот парк и сервисирање на
основните средства; функционална врска со модулот основни
средства; евиденција на настанатите застои и штети; сервисни
налози; разни прегледи по средство, период, сервисер,
корисник, тип на застој или расипување и сл; следење на
тековното и инвестиционото одржување; евиденција на
редовните прегледи и прегледите по повик со извештаи и
соодветни наоди; анализа на интервенциите по период,
средство, лице и сл; финансиска и трошочна анализа на
одржувањето и сервисирањето; |
 |
|
Отворен сервисен налог за основно
средствo |
|
Проектен менаџмент |
|
Управување со компаниските проекти во финансиско -
оперативна смисла; дефинирање на проектите со проектните
компоненти (активности, рокови, трошоци, ресурси); формирање
на проектен план; реализирање на проектот преку проектни
налози; поврзување на испораките и фактурите со проектите;
финансиско - материјална анализа на проектот; |
 |
|
Преглед-калкулација на потрошени
реализирани материјали и услуги по предмет - проект |
|
Поддршка на стандарди ISO, HACCP, IAS |
|
Вградена компатибилност со најважните деловни стандарди -
ISO, HACCP, IAS; процедуралност на документацијата
сообразена со нивните прописи; овозможено брзо и ефикасно
откривање на сите потенцијални и реални деформации во
процесите во сите фази и постапки; интегрирана врска со
менаџерскиот систем и комерцијата; пратењето на материјалите
и производите може да е поединечно и групно; можност да се
следи и квалитетот на работењето на вработените во
производниот процес; |
 |
|
Контрола на квалитет на готов производ
- испитна станица |
|
Билинг |
|
Управување со голем број на корисници и сметки
(комунални претпријатија, телекоми и сл.); сетап на мерните
параметри; функционално дефинирање на матични податоци за
потрошувачите (однос сопственик - корисник, повеќекратен
потрошувач и др.); поставување на системите на наплата
(инкасатори, самонаплата...); автоматизирано формирање на
ценовници на услугите; евидентирање на потрошувачката преку
инкасатори, со PDA уреди и веб базирано; можност за паушално
евидентирање на потрошувачката; автоматизирано генерирање на
сметки (главен износ, врзани износи, заостанат долг,
камати); можност за генерирање на сметките по реони и
инкасатори; дизајн и изглед на печатените сметки согласно
барањата на компанијата; авторизирана корекција на сметки и
состојби; автоматско групно книжење во главна книга;
поддршка на сите видови уплати (преку инкасатор, преку
банка, пошта, во наплатни центри и др.); автоматско
преземање на уплатите од банки и пошти и евидентирање во
системот;билинг оператива и наплата по судски пат; |
 |
|
Извештај за процент на наплата - билинг
систем |
|
Откупна станица |
|
Софтверска автоматизација и регулација на процесот на
масовната набавка на потребни суровини, најчесто во
земјоделството или прехрамбената индустрија (пченица, тутун,
грозје...), но и во индустријата (железо, дрво и др.);
формирање на функционална база на добавувачи заедно со сите
настани (откуп, исплата, компензација, испорака...) и
следење на целокупната историја на работењето; формирање на
набавни ценовници по артикли; дефинирање на проценти на
одбитоци (шкарт, кало) и на начинот на исплата; формулирање
на моделот за компензација (формула по која врз основа на
количината на суровина ќе се пресметува количината на готов
производ што ќе се издава како компензација); и на образци
на договори за откуп; креирање на други модели на
кооперација (кофинансирање, обезбедување на суровини за
добавувачите и др.); преземање на суровината и складирање,
издавање на потврда, пресметка на квалитетот, исплата,
пресметка за компензацијата и издавање на готови производи
(еднократно, повеќекратно); прегледи на состојбите и салдата
(претходни периоди); обработка на амбалажата; дневник на
откупна станица со рекапитулации на потврди, исплати и
уплати и финансиско - материјални прегледи; |
 |
|
Потврда за извршен откуп и компензација
- откупна станица |
|
Ресторанско работење |
|
Комплетна евиденција на ресторанските услуги; следење на
продажбата и потрошувачката на пијалоци преку ресторанската
каса и фактурирањето; евиденција на нарачките (требувања) и
материјалното задолжување на келнерите; генерирање на сметки
по повеќе модели (по нарачка, при наплата и сл.); поддршка
на различни видови на наплата (готово, фактура,
репрезентација, персонал и др.); автоматизирано затворање на
сметки, маси и смени; фактурирање ресторански услуги; работа
со повеќе шанкови и продажни места; веб базирана „мобилна„
ресторанска каса (PDA уред); авторизирана администрација со
сметките (сторнирање, фискализација, фактурирање); пратење
на прометот по смени, маси, келнери, артикли и за произволни
временски периоди; формирање на нормативи за храната;
можност од детално или стандардно нормирање (занемарување на
ситните материјали); формирање на планска калкулација (цени
за материјали, работна рака, други трошоци и продажна цена
на храната); споредба на магацинската потрошувачка со
нормираната; поддршка за работа на кујната по мени или
пансионски (групна потрошувачка со планирани нарачки); |
 |
|
Дневник на ресторанско работење |
|
Аптеки |
|
Интегриран систем за фондовско и комерцијално
аптекарско работење; ефикасно оперирање со лековите (замени,
рецепти, дијагнози); бар код поддршка за лековите и
рецептите; автоматско периодично генерирање на фактури до
ФЗО; детални статистики за лековите, матичните
лекари,рецептите и фактурите; поддршка на работа со повеќе
депоа (магацини) на една аптека; автомататско водење на
синџир на аптеки (далечински трансфер на податоци, збирни и
поединечни анализи); богат фонд на извештаи за менаџментот и
ФЗО; |
 |
|
Креирање месечна фактура од аптека до
ФЗО |