English
 
Дома
Софтвер
Хардвер
За нас
Контакт
10 ВОДЕЧКИ СОФТВЕРСКИ ПАКЕТИ
1. Сметководство
2. Финансии
3. Controlling (Трошочен менаџмент и буџетирање)
4. Човечки ресурси
5. Набавка  
6. Логистика
7. Продажба
8. Трговија
9. Производство
10. Сервис
Софтверските пакети се организирани во модули и организирани во четири верзии:
1. BASIC - со вклучени лиценци до две работни станици.
2. STANDARD - со вклучени лиценци до пет работни станици.
3. PROFESSIONAL - со вклучени лиценци до десет работни станици.
4. ENTERPRISE - со вклучени неограничен број лиценци
Разликите во пакетите не се само во бројот на лиценци, туку и во бројот на модулите што се вклучени, како и нивната содржина.
За секој модул може се избере најисплатливата верзија (на пример за сметководство да избере PROFESSIONAL, а за производство - STANDARD) .
Ознаките „+“ на модулите означуваат додаток на модулот, значат збогатена содржина и вообичаено се користат во поголемите верзии.
СМЕТКОВОДСТВО Basic   Standard Professional Enterprise
Главна книга - флексибилен контен план со произволно голема вгнездена аналитика; книжења организирани во финансови налози; класификација на книжењата по организациона единица, трошочен или профитен центар, проект или произволна категорија; можност да се користи интегри-рано или издвоено со добавувачи/купувачи; дневник на книжења како основ за генери-рање на разни извештаи како салда конта, заклучен листи и други прегледи; прегледи по многу критериуми: на ниво на претприја-тие/институција или по организациони единици, по период, по класи, групи или конта, по аналитичко конто и.т.н.
Главна книга + - шеми за автоматско контира-ње и автоматско книжење од други модули; автоматско затворање на година и отворање на почетен налог; книжење во повеќе валути и девизно / денарски извештаи; on - line поврзување со НБМ и преземање на дневниот курс; автоматска пресметка на курсни разлики;  
Главна книга + + - автоматско билансирање (состојба, успех, готовински тек); повеќејазична подршка (македонски и англиски) за извештаите; подршка на меѓународни сметководствени стандарди; повеќегодишна анализа;    
ДДВ евиденција - евидентирање на ДДВ и прометот директно во книгата за ДДВ или со преземање од влезните и излезните фактури и автоматски распоред на даноците по стап-ки, увоз/извоз и право на одбивка; промптно известување за моменталнииот статус по основ на ДДВ; интегрирано следење на обвр-ските, побарувањата, плаќањата и одбивка-та на ДДВ; печатење на книгата на влезно - излезни фактури во пропишан формат;
Материјално книговодство - финансиска евиденција на магацинското работење; под-дршка на сите материјални документи; воде-ње на залихите по просечни, продажни и плански цени, автоматски книжења во главна книга; картички и прегледи на сите нивоа;
Материјално книговодство + - автоматска пресметка на пописни разлики и нивелации, можност за водење на залихите по FIFO и LIFO; функционална врска и автоматско преземање на ставки од магацинско работење и цени од набавни калкулации;  
Ситен инвентар - детална материјална и сметководствена евиденција на инвентарот; основни податоци за инвентарот (номенклатура, опис, придружни податоци); евидентирање набавни документи; ставање во употреба со целосен отпис ; лоцирање на инвентарот по лица и локации; прегледи по магацини и периоди, картички;  
Ситен инвентар + - постепено отпишување на ситниот инвентар: калкулативно поред план, индиректно - 20% годишно и со функ-ционална метода; пренос и расходување на инвентарот; пакетна и поединечна автомат-ска пресметка на отписот (амортизација) и книжење во главна книга; инвентаризација со баркод;    
Основни средства - основни податоци за средствата (датум на набавка, локација и сл.), амортизациони стапки, пресметка на амортизацијата, ревалоризации, отписи; преноси меѓу ОЕ; прегледи и картички на ниво на фирма и организациони единици;
Основни средства + - следење на физичкото движење на средствата: ревреси, расходи, надградби, пописи (поддршка за попис со рачни компјутери); пакетни и поединечни автоматски пресметки и книжење во главна книга;    
Плати - евиденција на платите согласно законските обврски, пресметка на даноци и придонеси, периодични рекапитулари, ПДД-МП, изработка на фајл за ПИОМ;
Плати + - евиденција по штедни и тековни сметки во банки, пресметка на додавки - хранарина, регрес, патни трошоци, подготовка на вирмани, автоматско книжење во главна книга;  
Плати ++ - евиденција на сите компоненти за дефинирање нето плата - дефинирање на бодови, работа во празници, ноќна работа, прекувремена работа, оправдани и неоправдани отсуства, награди, казни, боледувања и сл; дефинирање и следење на задршки на плата: синдикална членарина, колективно осигурување, аконтација, алиментација, здруженија, кредити; автоматско поврзување со систематизација на работни места, креирање електронски налози за плаќање, аконтативна исплата на плата и плата во повеќе делови, пакетна обработка на исплати и задршки по групи на вработени; статистички извештаи и рекапитулари по сите основи.    

ФИНАНСИИ Basic   Standard Professional Enterprise
Салда конта (отворени ставки) - аналитичко следење на отворените ставки по видови - конта (добавувачи, купувачи, домашни и стран-ски, вработени, аванси, банкарски кредити и др.; евидентирање на отворени ставки по број, тип, датум на документ и валутен рок; поединечно затворање на отворените ставки по документ или по избор (со селекција); автоматско пакетно затворање на отворените ставки според стандардни методи (старост, документ); картички на побарувања и обврски на ниво на салда (фактурирања и уплати / исплати) и отворени ставки (сите, само отворе-ни, само затворени); оперативна листа на достасаност на побарувања/обврски за тековен датум и очекувана листа на приливи за произволен датум;  
Салда конта (отворени ставки) + - автоматска пресметка на курсни разлики по комитенти и за периоди; старосна структура на побарувања и обврски (30, 60, 90); пред-лози за компензација - листа на побарува-ња и обврски по комитент (120-220, 121-221)просек и пондериран просек на наплата и плаќање во денови; рангирање и утврдува-ње на бонитетот на комитентите врз основа на наплатата; можност за водење на отворе-ните ставки заедно со главна книга, како издвоена финансиска оператива или како издвоена комерцијална девизна оператива;    
Банкарски изводи - директно евидентира-ње на приливите и одливите во денарски и девизни банкарски изводи со можност за затворање на отворените ставки на лице место; автоматско книжење на изводот во главна книга; можност за повикување на претходно пополнет налог за плаќање и преземање на податоците во изводот;  
Благајна - детално пратење на прометот на средствата во благајната и програмско генерирање на разни благајнички образци; евиденција влез и излез во благајна (каса прими / исплати), класификација на благајните (денарски, девизни, кредитни картички, бонови, чекови); категоризација на трансакциите (аванси, приходи, трошоци, дневни пазари и сл.); автоматско отворање и затворање на дневници на благајна со примопредавање на прометот по благајници и смени; можност за затворање на отворените ставки на лице место од благајна; автоматско книжење на дневникот на благајна во главна книга;  
Налози за платен промет - генератор на налози од платниот промет и нивно поеди-нечно или групно печатење: налози за де-нарско плаќање (ПП 50, ПП 30), налози за девизно плаќање (дознака - 1450, акреди-тив 1451), налог за девизна наплата (743);
Камати и опомени - пресметка на официјални затезни камати и генерирање на каматни листи врз основа на задоцнети плаќања, автоматско книжење на каматните листи во главна книга и финансиска оператива. креирање на опомени врз основа на достасани побарувања со детален увид во отворените ставки; можност за креирање на информативни неофицијални затезни камати и опомени пред тужби врз основа на заостанат долг;
Наплата по судски пат - автоматска подготовка на тужби со предлог за извршување; генерирање на каматни листи за судска наплата; автоматско прекнижување на тужените побарувања на соодветните конта; следење на уплатите по основа на тужените побарувања (основицата, каматите, судски трошоци);    
CONTROLLING - ТРОШОЧЕН МЕНАЏМЕНТ И БУЏЕТИРАЊЕ Basic   Standard Professional Enterprise
Трошочен менаџмент - класификација на трошоците по видови (материјали, плати, амортизација и сл.), распределба по трошочен објект(директни, индиректни), во зависност од обемот (фиксни, варијабилни) и сл.; избор на основа за алокација на трошоците (произведени единици, директен труд, машински часови, директни материјали и др.); распределба на трошоците по тро-шочни објекти (од влезни фактури, сметки, патни налози, требувања во производство, интерни фактури и др.); можност од автомат-ско книжење во главна книга и врска со погонското книговодство, деловното плани-рање и сметководството на одговорност;    
Буџетирање - формирање на плановите: финансиски (план на готовина, капитал, биланс на состојба, паричен тек) и оперативни (план на продажба, залиха, производство, директни материјали, трошоци на производство, развој, маркетинг, дистрибуција, администрација, план на биланс на успех); поставување на плановите за произволен период и можност од нивно временско ребалансирање; стандардизација на плановите; поврзување на плановите со податоците од извешатаите за актуелна реализација на плановите и споредбена анализа: планирано / реализирано; можност од повеќегодишна анализа и прогноза врз основа на разни методологии (тренд, делфи метода, економетрија и сл.).    
ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ Basic   Standard Professional Enterprise
Персонална евиденција - основно електронско персонално досие, следење на личните податоци, податоците за стручна подготовка, хронолошко следење на стажот, платата, годишниот одмор и отсуствата;
Систематизација на работни места - опис, распоред и нотирање на потребната стручна подготовка по работни места, класификација на работните места, евиденција на сложеноста на работните месета и нивно асоцирање со вработените;
Хонорарна соработка - договори за дело, авторски договори, комерцијалн претставници, следење на соработката со лица кои не се во редовен работен однос по основ на сезонски ангажман, проектна работа, комерцијално претставување и сл.;
Генератор на кадровска документација - детален менаџмент со документацијата за работни односи, компјутерско генерирање и следење на движењето на решенијата за работен однос, распоред на работно место, решенија за плата, годишен одмор, платено и неплатено отсуство и прекин на работниот однос; протокот се усогласува согласно правата и привилегиите на корисниците;  
Евиденција на присуство (доаѓање/одење од работа, службени и приватни отсуства и паузи, планирање и следење на работата по смени, интерфејс за поврзување со апарати за евиденција на работно време);  
Работни листи - менаџмент на работно време; формирање на шифрарник на работни задачи и операции, нивно групирање и доделување на вработените преку спецификација на работните места, генерирање на планирано време за релизација на обврските и планска цена на трошокот; спојување на работните обврски со вработените преку дневна и часовна евиденција на распоредот по проекти и работни налози; следење на теренската и прекувремената работа, посебен подмодул за комерцијални акитвности по комитенти;  
Регрутирање, обука и вреднување - вработување (евиеднтирање на огласи, тестови, интервјуа, резулатати, известувања); евиденција за обука во фирмата и надвор, по курсеви, вработени, содржински единици и трошоци; систематско мерење на продук-тивноста, ефективноста и трошоците на вработените од страна на претпоставените.    
НАБАВКА Basic   Standard Professional Enterprise
Планирање и подготовка на набавката - планирање на набавката со План за набавка (по периоди, по артикли, по орг. единици), автоматско генерирање на планот преку MRP системите на логистика; процесирање и генерирање на Барање за набавка по служби и од задолжени лица; одобрување на плановите и барањата; генерирање на налози за набавка и доделување на соодветните референти за натамошно спроведување;    
Преднабавни процедури - формирање на одобрена листа на добавувачи , генерирање на Барање на понуди и испраќање (мејл, факс, пошта) до потенцијалните добавувачи; евидентирање на Влезни понуди со автоматско преземање на ставките од Барањата; избор на најповолен добавувач врз основа на компаниски критериуми;  
Спроведување на набавката - креирање на Договор за набавка; генерирање на Нарачки по договор или самостојно; креира-ње на Налог за прием до магацините, мож-ност за креирање на веб базирани нарачки; следење на договорите за набавка и нарачките;
Евиденција на влезни фактури - внес на влезната фактура (или преземање од Архива); поврзување со приемница; поврзување со нарачка; книжење во ДДВ евиденција; подготовка за калкулација;
Влезни фактури + - детално следење и менаџирање со трошоците од влезните фактури; категоризација на трошочните елементи од влезните фактури и распоредување на трошоците по ОЕ; внес на трошоците категоризирано по елементи со соодветно автоматско контирање на трошочните конта или со слободен опис на ставките од влезните фактури и натамошно контирање на документот и автоматско книжење во главна книга;  
Увоз - воведување девизни компоненти во набавките (девизни цени, мултивалутност, повеќејазични документи); креирање на Увозни договори; евидентирање на ЕЦД, Контролници, КИБ и КИО; Подготовка за калкулација;  
Набавна калкулација - Преземање или внес на ставките од фактурите; Поврзување со приемници; Поврзување со пропратни фактури и ЕЦД ; Пресметка на трошоци во денари и девизи; автоматско распоредување на вредноста на трошоците по артиклите и формирање на набавна цена ; подгототвка на малопродажна калкулација, автоматско книжење во главна книга;
Влезни книжни ноти - генерирање на Книжни ноти (одобренија и задолженија) по основ на рекламации - повратници, грешки во фактурирање или одобрени рабати за остварен промет; распоред на товарот на книжните одобренија по артикли во калкулации;    
Набавка на услуги - специјален модул за процесирање на набавките на услуги, поврзан со набавните модули и модулите за производство, сервис и одржување;  
Мал SRM (Supply Relationship Management) - рекапитулар на набавните процеси во форма на детална „лична карта“ и историја (комерцијална, материјална, финансиска) на стратегиските добавувачи, со вклучени прегледи за: промет (вкупен, по артикли, по периоди), отворени обврски (долгови), структура на набавки и потрошувачка, анализи планирано / реализирано итн.      
ЛОГИСТИКА Basic   Standard Professional Enterprise
Планирање во логистика - (Material Requirement Planning) - комплексен систем на автоматизирано генерирање на потребите за материјали врз основа на плановите и реализацијата во продажбата, потрошувачката, производството и тековните, планираните и сигналните залихи;      
Магацинско работење - евиденција на магацинските настани преку комплетната магацинска документација: Приемници, Издатници, Повратници, Преносници, Испратници, Пописи, Нивелации, Расходи и др; водење на магацините по методи на FIFO, LIFO, серии, рокови на траење и сл.;
Серии и сериски броеви - потполна следливост на движењето и потрошувачката на материјалите преку дефинирање на влезни и производни серии (batches), дефи-нирање на сериски број (S/N) за сите фунда-ментални артикли (основни средства, ситен инвентар и сл.) за кои постои потреба од поединечно пратење, попишување и еви-дентирање на настани (издавање, поврат, надградба, одржување, книжење и сл.);  
Локации и адреси - дефинирање на локациите во организационите единици и на адресниот простор во магацините (палетни линии, палетни висини, палетни места); прецизно лоцирање на материјалите во магацините, внатремагацински трансфер - Прередување;  
Етикетирање и бар кодирање - генерирање на бар кодови за артикли, серии, сериски броеви и локации, дизајнирање на етикети со бар кодови за артиклите, интерфејс за поддршка на бар код читачи и рачни компјутери;    
Пакување - дефинирање на пакувањата на артиклите (поединечно пакување, збирно пакување, палета); тежини, волумени и димензии на артиклите и пакувањата, креирање на Пакинг листи;    
Транспорт - следење на движењето артиклите пред приемот и по испораката; дистрибуција на артиклите по комитенти преку генерирање на Маршрути - тури и Товарни листи; евиденција на внатрешен транспорт;      
ПРОДАЖБА Basic   Standard Professional Enterprise
Формирање на цени - (Pricing) - креирање на комерцијални ценовници по пазари, држави, региони и клиенти; централно и автономно генерирање на ценовници за повеќе продавници или магацини; генерирање на ценовници за крајни купувачи, дилери и дистрибутери едни од други со процентуални промени на цените; автоматизација на цените со користење на ценовниците во понудите, договорите, нарачките и фактурите; автоматска промена на цените во ценовниците од калкулации; формирање каталози на артикли;
Продажни проценки - прогноза на продажбата врз основа на разни статистички методи и тековни податоци; прогнозирање по пазари, држави, региони и комитенти; прогнозирање по разни временски порции (годишно, квартално, месечно); употреба на историски податоци за предефинирање на продажбата; вградени статистички модели на прогноза;      
Претпродажба - понудување - формирање на база на потенцијални комитенти; примање и внесување на Барање за понуда; креирање на Понудите самостојно или од Барање, автоматски или по направена калкулација; пратење на реализацијата на понудите и нивниот статус; извештаи по разни критериуми (реализирани и нереализирани понуди, споредба на понудите со фактурите и сл.);    
Продажни договори - генерирање на Договор и пополнување на комерцијалните податоци: број, датум и тип на договор, начин на плаќање и испорака, комерцијални услови (рабати, дисконти, каса сконто, натурален рабат, попусти за авансни уплати и сл.) и други комерцијални податоци како основа за автоматско генерирање на фактурите и комерцијалните услови во нив;    
Спродведување на продажба - (нарачки, налози за испорака, резервации) - процесирање на нарачките од комитентите; посебен подмодул за веб нарачување од купувачите; можност нарачките да се генерираат од претходно внесените понуди и договори; креирање на Налог за испорака до магационерите и подготовка на документацијата за испорака; резервирање на нарачките; промени на статусот на резервациите; feedback и споредба на нарачките со фактурите и испратниците; богат избор на извештаи за статусот и текот на нарачките, споредбени анализи и сл.;  
Фактурирање - генерирање на фактури самостојно или од материјалните (испратници), услужните (налози) или градежните (ситуации) документи; автоматско преземање на податоците за комитентите, валутите, начините на плаќање и испорака и сл.; можност од печатење во разни формати, со истакнато лого на фирмата и податоци на нејзнино барање; преземање на податоци од дадените понуди или од внесените нарачки од комитентите; споредба на фактурите со нарачките и испратниците; извештаи по разни критериуми (комитенти, валути, долгови и побарувања, даночен извештај и сл.);
Фактурирање + - креирање на Авансни фактури за плаќање однапред; креирање на Конечна фактура со автоматска финална пресметка и затворање на авансните фактури; автоматско затворање на отворените ставки во финансова оператива; генерирање на Книжни ноти (одобренија и задолженија) по основ на рекламации - повратници, грешки во фактурирање или одобрени рабати за остварен промет;  
Фактурирање ++ - автоматско генерирање на Периодични фактури (месечни, квартални, полугодишни, годишни) врз основа на предефинирани комерцијални услови во договорите со предвидени датуми за фактурирање или врз основа на периодична природа на испораките и услугите;  
Извоз - воведување на девизни компоненти во продажната документација; дефинирање и евидентирање на заклучоци и следење на зделките по заклучоци; креирање на придружна деловна извозна документација (Дозволи за извоз, Барања за сертификат, ЕУР, Пакинг листа); печатење на извозни фактури на англиски јазик;    
Мал CRM (Customer Relationship Management) - пратење на купувачите и целокупната коресподенција водена со нив; евидентирање на детални податоци за фирмата, нејзиниот менаџмент, производи и услуги, контакт - податоци и сл.; комплетно следење на комерцијалната коресподенција со комитентите; софтверски подржан механизам за доажурирање на временски менливите основни податоци (пр. промена на адреса или телефон) и пратење на историјатот на промени; низа извештаи потребни за компарирање на податоците за клиентите по разни критериуми: (пр. за иста фирма во разни периоди или во ист период за разни фирми од иста област).      
ТРГОВИЈА Basic   Standard Professional Enterprise
Малопродажба - генерирање или преземање на шифрарници (артикли, ценовници, комитенти); внес на прием (самостојно или автоматски), генерирање на ПЛТ образец и малопродажна калкулација; интерфејс за поврзување со фискален апарат; продажба од каса и издавање на фискална сметка; фактурирање од малопродажба; евиденција на уплати и дневен пазар; поддршка на повеќе платни инструменти (готовина, картички, чекови, вересија); online следење на залихите; пописи и нивелации; генерирање на ЕТ образец; детални извештаи за прометот по разни категории (смени, вработени, видови артикли, каси);
Малопродажба + - флексибилно дефинирање на нови цени (локално или со преземање од централа); локална анализа и планирање на продажбата; резервации за потребната набавка и генерирање нарачки; интерфејс за малопродажба со бар код читачи, со RFID - безжични уреди и touchscreen екрани; веб базиран модул за увид во централни и локални залихи; поддршка за комерцијални активности (акција, репрезентација, дилери);    
Големопродажба - креирање на големопродажна политика (класификација на клиенти, големопродажни ценовници, системи на рабати и начини на плаќање); прием на стока во магацин на големо; издавање на стока и фактурирање на големо; генерирање на МЕТГ образец; следење на потрошувачката по купувачи; детални извештаи за фактурирањето, испораките, залихите;
Дистрибуција и амбулантна продажба - дефинирање на рути и тури на возилата; евидентирање на нарачки (дневни и постојани); генерирање на план за дистрибуција со возилата; генерирање и печатење на доставниците по објектите; задолжување на возилата со збирна доставница за возилото; евидентирање на вратената стока и автоматско креирање на испратници; раздолжување на возилата; периодично автоматско фактурирање до купувачите од амбулантната продажба; поддршка за мобилна амбулантна продажба со PDA уреди, мобилни печатари; автоматско преземање на артикли и комитенти во мобилните уреди; можност за директно веб базирано нарачување и испорака или локално евидентирање на испораката и нарачките со автоматско внесување на податоците во централнииот софтвер со приклучување на мобилниот уред во системот при пристигнувањето;    
Трговски синџир - дефинирање на шифрарници (артикли, услуги, ценовници, комитенти); преземање на локални параметри (смени, вработени, каси); трансфер на централните параметри во локалните продажни објекти; трансфер на локалните податоци и параметри во централна база; централни калкулации на мало; дефинирање на цени во малопродажните објекти на централно ниво, прием на стока во централен магацин; пренос на стока до други магацини или малопродажни објекти, следење на потрошувачката по објекти; консолидација на податоците и подтоговка на збирни извештаи; централно преземање на дневниот промет; централен и консолидиран менаџмент информационен систем (продажба, потрошувачка, залихи, просечни маржи по продажни места, вработени, смени, периоди и др.) автоматско книжење во главна книга и финансиска оператива.    
ПРОИЗВОДСТВО Basic   Standard Professional Enterprise
Нормативи - евидентирање на нормативи и рецептури за формирање готови производи и полупроизводи од суровини, материјали и амбалажа; нормирање на директната работна рака; нормирање на употребата на основни средства; формирање на вгнездени нормативи (норматив во норматив) за повеќефазно производство; формирање на планска цена на чинење;  
Планирање и подготовка на производство - автоматско генерирање на производните барања врз основа на продажните проценки, залихите на готови производи, производниот потенцијал и сигналните залихи; генерирање на оперативен краткорочен план за производство (месечен, неделен) врз основа на производните барања и нарачките; проверка на потребните суровини и материјали за производство; издавање на збирни требувања за повеќе работни налози;    
Производни налози - креирање на работни налози врз основа производните планови и производните барања; генерирање и следење на производни серии; генерирање на требувањата врз основа на налозите и нормативите; поврзување: требување - издатница - повратница; евиденција на сите поддокументи содржани во работниот налог (издатници на материјали, суровини и амбалажа, работни листи, листи на ангажирана опрема, евиденција на општи трошоци и на работа извршена од поддоговарачи); затворање на работните налози; поврзување со магацините (суровини, материјали, амбалажа, готови производи, полупроизводи), вагите и комерцијата;  
Управување со работна рака - дефинирање на работните операции по работни места; мерење на работните операции и формирање на цени на трудот; доделување на работните операции по работници; формирање на работни листи и дневно следење на работата; распоред на активностите од работните листи по работни налози и процеси; анализа на работната рака и корекција на цените соодветна на пресметките во налозите;  
Контрола на квалитет - мост меѓу производните одделенија и магацините за полу и готови производи; генерирање на образец (испитување, тест) за квалитативна и квантитативна контрола на произведената количина со преземање на ставките од испратницата за производ; тестирање на примерок или на целосно производство за секоја фаза; автоматско генерирање на приемница на (полу)производ од одобрените количини; воведување на статус на карантин за неконтролиран и сомнителен производ; генерирање на документ за контрола на суровини и материјали при прием во магаци-ните; контролирање на квалитетот со след-ливост на движењето на материјалите и про-изводите преку набавни и производни серии;    
Процесно производство - дефинирање на производни одделенија; дефинирање на производните процеси; дефинирање на производни фази; распоред на ресурсите по процеси и фази (материјали, машини, работна рака, надворешни ресурси); следење на работните налози по фази и процеси; евиденција на движењето и кумулирањето на трошоците по фази и процеси; подршка на стандардите во процесното производство (ГАМП, ИСО);    
Погонско книговодство - подготовка на класа 5 со конта наменети за погонското книговодство; следење на трошоците во производство по трошочни објекти (места и носители); алокација на општите производни трошоци по налози и процеси; следење на недовршено производство; формирање на планска и пресметковна калкулација на производството; книжење во погонското книговодство на налозите и документите за распоред на трошоци; анализа и корекција на планските цени на чинење со итеративно ажурирање и update на цената на чинење врз основа на пресметаните трошоци од работните налози и алокацијата на општите трошоци.      
СЕРВИС И УСЛУГИ Basic   Standard Professional Enterprise
Сервис - евиденција на видот на сервис (редовен, периодичен, дефект и сл.); формирање на сервисни налози; генерирања на требувањата и издатниците; следење на недовршениот сервис, евидентирање на испораката и затворање на налозите; фактурирање од сервисен налог; разни прегледи по сервис, период, сервисер, корисник, тип на дефект и сл;  
Сервис + - детална евиденција на предметот на сервисирање (единствена номенклатура, гаранциски податоци, модел, производител и сл.); креирање на нормативи и спецификации за потрошувачката на материјали и нормирање на сервисни операции; евидентирање на сервисно барање; закажување и резервација на сервис; отворање на налог со дијагностика; генерирање на требувања и работни листи преку нормативи; поддршка за rework, евиденција на редовните прегледи со извештаи и соодветни наоди; анализа на интервенциите по период, средство, лице и сл; финансиска и трошочна анализа на сервисирањето;    
Деловни услуги - сетирање на шифрарник на услуги; внес или преземање на други шифрарници (ценовници, комитенти); флексибилно дефинирање на нови цени (локално или со преземање од централа);
испорака на услуги (налози, испратници на услуги) со автоматско фактурирање; периодично фактурирање на услуги (договори за одржување и сл.); трговија со услуги (издавање фискална сметка, евиденција на уплати и дневен пазар, генерирање на ЕТУ образец); дневник на услуги со детална оператива.
 
 
Enter doo, Ohrid. Copyright © 2000-2007 Enter. All rights reserved. Revised: August 31, 2009.