English
 
Дома
Софтвер
Обука
Хардвер
За нас
Контакт
10 ЕФЕКТНИ СИСТЕМИ НА ПОДДРШКА
1. Телефонски hotline
2. Претплата на нови верзии
3. Одржување
4. Посети на лице место
5. Далечинска поддршка 
6. Надградба на софтверот
7. Додатни постимплементациски обуки
8. Локална партнерска поддршка
9. Богата корисничка документација
10. Консалтинг
Телефонски hotline
Секој работен ден од 08:00 часот до 16:00 часот можете да побарате телефонска помош и корисничка поддршка за софтверските модули. Преку 40% од пријавените проблеми се од ваква природа (заглавување, заборавање на процедурите, корисничка грешка и сл.) и ефикасно се решаваат на овој начин. Поддршката е бесплатна.
Претплата на нови верзии
Големи промени на верзии се вршат во просек за 18 месеци; за секоја голема верзија има по 3-4 поситни ажурирања. Веднаш ќе ве известиме за секоја новоиздадена верзија. На Вас останува да се одлучите дали ќе ја преземете. Не секогаш новите верзии може по автоматизам да се испорачаат на купувачите, на пример може хардверот да биде преслаб или да се има поинакви системски барања или при високо прилагодени системи да треба да се направат одредени модификации.
Доколку се претплатите на нови верзии истите Ви се ставаат на располагање и притоа се извршуваат сите неопходни трансфери.
Одржување
Со оглед на честите промени на законската регулатива и исто така не малите измени на корисничките барања, одржувањето се наметнува како неопходна компонента на секој информационен систем. Заради тој факт, ние на одржувањето му посветуваме максимално внимание и во него вклучуваме максимум услуги од кои најчести се следниве:
• корекции на операторски грешки,
• поправки на багови вон гарантен период,
• додатно прилагодување на софтверот усогласено со промени на законската регулатива,
• адаптација на апликациите со цел зголемување на функционалноста, олеснување на операторското работење,
• збогатување на системот на извештаи врз основа на барањата на корисникот;
• софтверски модификации на барање на корисникот во рамките на содржината опфатена со набавените модули,
• други активности за одржување на софтверот во употреблива состојба.
Посети на лице место
Посетите на лице место (on site) иако сé помалку се важни во смисла на интервенции, бидејќи најголемиот дел на интервенциите се прават далечински или по телефон, се многу битен дел за поддршката на нашите клиенти. Тие нé држат во постојан контакт со Вас, ни овозможуваат на терен да ги видиме ефектите од употребата на нашиот софтвер и да стекнеме feedback, кој ќе помогне во неговиот натамошен развој. Затоа, најчесто во договорите за одржување се вклучуваат и посети (од 4 до 12) на фирмата корисник, кои се реализираат дури и кога нема потреба од интервенции на лице место.
Далечинска поддршка
Далечинската поддршка е најефикасниот систем што може да го замислите. При секоја Ваша потреба, може веднаш да пристапиме на Вашиот систем и да ги направиме неопходните зафати, без да има потреба да доаѓаме на лице место. Со тоа многу се намалуваат патните и дневните трошоц, нашиот одзив е практично моментален, а работата се завршува во најбрз рок. Се што Ви е потребно е ISDN или ADSL (или сродна) врска.
Што се однесува до стандардните верзии и верзиите за мали компании, тие дури може и да се преземат (download) од веб страна.
Надградба на софтверот
Промените на софтверот во смисла на надградба за одржување и негово подобрување се основа за долг живот на деловниот софтвер. Надградбите на на нашиот софтвер се резултат на:
• следење на најавата на промени на законската регулатива,
• истражување и анализирање на функционалностите на софтверите од светски ранг,
• пратење на технолошките движења на развојните алатки и базите на податоц,и
• евидентирање и анализирање на барања на корисниците и
• проучување на деловните процеси и документација.
Одлуката за промени и активирање на нови верзии ја прави развојниот тим, кој барем еднаш месечно се состанува на оваа тема.
Додатни постимплементациски обуки
За нововработени лица во Вашата компанија или при промена или надградба на софтверските модули, на располагање Ви ги ставаме нашите тренери да извршат додатна обука на вработените и да ги оспособат за брзо, лесно и ефикасно користење на системот.
 
Локална партнерска поддршка
Во поголемите градови во Македонија и Србија, веќе постојат локални фирми во партнерство со нас, кои ќе бидат Вашата локална поддршка за одржување на системот - first level support, но и кои се оспособени да вршат обука, миграција и други имплементациски услуги. Со ниве се забрзуваат интервенциите на лице место, но и поефтинуваат вкупните трошоци за имплементација и одржување, затоа во план е во најбрз рок цела територија на РМ да ја покриеме со локални партнери.
Богата корисничка документација
Со Luca Ви е е достапна следната документација:
• функционална спецификација
• дизајн на форми и извештаи
• инсталациско упатство
• корисничко упатство
• тест документација
• дизајн на базата (доколку се купи изворниот код)
• листинг од изворниот код (доколку се купи изворниот код)
Обезбедени се две копии, но документацијата се дава и во електронска форма и може за свои потреби да се копира неограничено. Документацијата е бесплатна.
Консалтинг
Еден од нашите најголеми адути е силната експертиза и големото познавање на деловните информациони системи. Затоа Ви нудиме експерти (економисти, ИТ инжинери, технолози) и во рамките на Ентер и однадвор за учество во моделирањето, дизајнот и имплементацијата на системот.
 
Enter doo, Ohrid. Copyright © 2000-2007 Enter. All rights reserved. Revised: August 29, 2007.