English
 
Дома
Софтвер
Обука
Хардвер
За нас
Контакт
10 ДОБИТНИ КОНКУРЕНТСКИ ПРЕДНОСТИ
1. Комплетност
2. Функционалност
3. Применливост
4. Надградливост (скалабилност)
5. Интегрираност и модуларност
6. Дизајн
7. Технологија
8. Експертиза
9. Поддршка и документација
10. Однос Цена / Перформанси
Комплетност

Убедливо најбогат македонски деловен софтвер во содржинска смисла, со опфат на сета документација неопходна за успешно автоматизирано покривање на деловните процеси.
Функционалност
Вградени функции по примерот на најдобрите светски ЕРП софтверски решенија. Масовни автоматизми, предефинирања, автонумерирања, моќни алатки за пребарување, сортирање и филтрирање, минимум напор и во исто време максимална безбедност при употребата.
Применливост
Софтвер со најголем број на имплементации во Македонија во компании и институции со различна големина и деловен профил. На негова основа се градени специјални решенија за поединечни вертикални индустрии.
Надградливост (скалабилност)
Отворен систем со можности за ефикасно следење на растот на компанијата, притоа со ангажирање на минимум ресурси и трошоци за надградба. Овозможени проширувања на работни станици и модули без системски редизајн или набавка на нова опрема; Непречено работење со над 1000 корисници, од кои над 200 конкурентни.
Интегрираност и модуларност
Истовремена можност за интегрирано, суштински поврзано и автоматизирано управување со деловните процеси, но и за автономна и локална употреба на поединечи софтверски модули, при што оптимално се одговара на потребите на компаниите, следејќи ги нивните кориснички барања, но и евентуалнит буџетски ограничувања.
Дизајн
Најмоќна македонска деловна алатка со лесен, ефикасен и user friendly кориснички интерфејс. Одлични перформанси во однос на брзината, стабилноста и безбедноста.
Технологија
Изработен со најдобрите технолошки алатки на Microsoft: MS Visual Studio и VBA, за client - server модулите и MS ASP.Net за web базираните апликации. Употреба на бренд релациони бази на податоци (MS SQL Server, Oracle). Комплетно усогласување со windows стандардите во поглед на работа со менија, тулбари, фајлови, брзи команди и сл.
Експертиза
Софтвер базиран на врвни теоретски знења од внатрешни и надворешни експерти, со огромен капацитет за нивна практична употреба во фазите на имплементација и надградба.
Поддршка и документација
Најголем тим за поддршка со вклучени специјалисти за проектирање и моделирање на деловните процеси, професионални обучувачи, имплементатори оспособени за најсложени операции (прилагодувања на софтверот, миграции на податоци и сл.) и одржувачи кои ја покриваат целата територија на РМ. Единствен софтвер со толку богата корисничка документација (прирачници, упатства, хелп).
Однос Цена / Перформанси
Дефинитивно најдобра понуда за вложените пари. Вкупните трошоци за софтверот и имплементацијата се неколкукратно пониски од конкурентните модули на светскиот пазар, додека во домашни рамки не постои споредливо софтверско решение со исто ниво на функционалост и содржина.
 
Enter doo, Ohrid. Copyright © 2000-2007 Enter. All rights reserved. Revised: August 29, 2007.