English
 
Дома
Софтвер
Хардвер
За нас
Контакт
10 КЛУЧНИ ПРИДОБИВКИ ОД LUCA
1. Зголемен капацитет за квалитетни деловни одлуки
2. Посакуваната информација за најкусо време
3. Максимален опфат на деловни податоци од едно место
4. Раст на готовината и профитабилноста
5. Ефективно управување со материјали без загуби
6. Оптимално ангажирање на човечките ресурси
7. Зголемена конкурентност и повисок пазарен удел
8. Рентабилна и реално димензионирана продукција
9. Поедноставена и доверлива администрација
10. Вистинска контрола и надзор над работата
Зголемен капацитет за квалитетни деловни одлуки
Luca не произведува тривијални извештаи, туку употребливи информации кои го унапредуваат работењето. Luca не само што тековно Ве информира за сите дневни активности, туку и во секое време и од било каде Ви ја „дава на дланка“ целокупната состојба во компанијата, Ве информира за најповолните набавни цени и најдобрите добавувачи од една страна и за најдобрите купувачи и најпрофитабилните продажби од друга страна, Ви ги оптимизира производните процеси, Ви помага во дефинирањето на плановите, нормативите и калкулациите, Ве алармира за роковите и Ви укажува на грешките и пропустите во материјално - финансиското работење.
Посакуваната информација за најкусо време
Навременоста на информацијата е клучен фактор во бизнисот. Со Luca сите оперативни податоци ќе ги добивате во реално време - во моментот на настанување. Luca исто така „Ве форсира“ да ја подобрите организацијата и да ја зголемите експедитивноста и ажурноста, со што ќе постигнете целата обработка на документите низ службите да се одвива „ден за ден“ и веднаш да ви биде на располагање за бизнис анализа.
Максимален опфат на деловни податоци од едно место
Luca Ви става на располагање многу поголема маса на информации потребни за правилно водење на бизнисот, од било кој деловен софтвер на овие простори. Нема повеќе понудите, договорите и нарачките да ги барате на хартија или во word или excel, податоците за производството да ги внесувате во една програма, а книговодството во друга, додека информациите за работата на претставништвата и филијалите да ги примате на факс или по по пошта и повторно да ги превнесувате. Со Luca - сé е на едно место, зашто Luca е најкомплетното ERP решение.

Подготовка на биланс на состојба

Раст на готовината и профитабилноста
Luca директно ја подобрува Вашата финансиска кондиција. Овозможувајќи Ви промптно следење на побарувањата и обврските и автоматизирано генерирање на опомени, каматни листи и тужби, Luca драстично го подобрува готовинскиот тек и придонесува да ја зголемите и забрзате наплатата и со тоа рапидно да ја засилите Вашата финансиска моќ. Од друга страна поефикасното плаќање на Вашите обврски и постигнување поевтини цени, но и други комерцијални поволности при набавката, генерира нови слободни финансиски средства и зголемен инвестиционен потенцијал, кој повторно со помош на финансиските алатки на Luca оптимално се алоцира на најпрофитабилните проекти.
Ефективно управување со материјали без загуби
Жалната вистина, дека дури и денес најголемиот број на компании не се во состојба да спроведат повеќе од еден попис годишно, кој згора на се е или погрешен или „наштиман“, Luca ја претвора во далечно минато. Организацијата на магацините по локации, употребата на серии и сериски броеви, можноста за етикетирање, бар - кодирање и употреба на мобилни уреди во магацинското работење, следењето на движењето на материјалите по сите познати методи (FIFO, LIFO, FEFO, серија) и цени (просечни, продажни, набавни), резултира со драстични намалувања на кусоците во магацините, елиминирање на „мртвата„ - неупотребувана залиха , минимизирање на трошоците за складирање и транспорт, зголемување на обртот на залихите и минимално врзување на финансиските средства во залихи, што е можеби и највидливиот придонес на Luca во работењето на компаниите.
Оптимално ангажирање на човечките ресурси
Невозможно е успешно водење на бизнисот, без јасно следење на учинокот и планско насочување на ангажманот на вработените. Оттука, нејасно е зошто повеќето локални софтвери, освен со модулот за пресметка на плати, не располагаат со друга содржина од доменот на евиденција на човечките ресурси. Но, затоа Luca по урнекот на најдобрите светски софтвери, за прв пат на овие простори Ви овозможува интегрирано и автоматизирано управување со човечките ресурси. Тоа значи, не само што лесно ќе го евидентирате нивното присуството на работа, туку и извршувањето на работните задачи по работни налози или проекти, ќе формирате плати врз основа на мноштво параметри и критериуми, електронски ќе го надополнувате нивното персонално досие, но и ќе го надградувате со информации за нивната обука, со документирани периодични евалуации и оценки, дури и со следење на хонорарните соработници и процесите на регрутација на нови кадри.
Зголемена конкурентност и повисок пазарен удел
Luca Ви гарантира максимална продуктивност на комерцијалниот сектор. Ќе можете да генерирате ценовници, понуди, договори, да обработувате нарачки и да фактурирате на многу лесен и брз начин и со тоа да се обратите на многу поголема потенцијална клиентска база. Притоа, моментално ќе ги имате на располагање и најсложените комерцијални калкулации, информациите за просечните маржи, за производните и набавните трошоци, за вратената стока, за времетраењето на наплатата и за периодот на реализација на нарачките од Ваша страна. Сето тоа, ќе направи Вашата продажба да биде кориснички ориентирана, испораките навремени, повратот на стока од купувачи минимален, а клиентите задоволни. Настапот на потенцијалниот пазар ќе Ви биде многукратно побрз, со поголем опфат и со поповолни цени кои директно ќе влијаат на растот на Вашата пазарна сила.
Рентабилна и реално димензионирана продукција
Со Luca конечно ќе создадете продукција (производство, услуги, проекти) поставена на реалните потреби, со минимум трошоци и максимална искористеност на капацитетите. Клучен придонес во тоа е SCM - системот (т.н.р управување со синџирот на снабдување), компонента вградена исклучиво во врвните светски деловни решенија која идеално ја планира Вашата продажба и врз основа на неа ги ускладува производството и набавката на начин што ќе доведе до најрентабилна експлоатација на ресурсите, намален производен циклус, елиминација на застоите и „празниот од“ и испорака точно на време („just in time delivery“).
Поедноставена и доверлива админинистрација
Можеби звучи неверојатно, но Luca може многу да Ви помогне да се реорганизирате и да ги поставите деловните активности на вистински начин. Автоматизираниот проток на деловната документација и single entry - принципот на внесување на податоците - „само еднаш и тоа на местото на одвивање на настанот“,обезбедуваат минимум потрошено време за обработка на документите, минимум учесници во евидентирањето на настаните и минимум грешки во внесувањето на податоците. А, бидејќи рационализирањето на администрацијата не е едноставна работа, се погриживме да Ви ги ставиме на располагање нашите имплементатори, кои ќе го искористат своето знаење и искуство, за да Ви помогнат во поставувањето на новите организациски модели во Вашата компанија
Вистинска контрола и надзор на работата
Самиот факт што преку Luca ќе ги процесирате практично сите деловни операции, Ве става во позиција од Вашиот компјутер да остварите целосна контрола и увид во сé што се случува во Вашата компанија. Така на пример, со помош на вградениот workflow систем ќе можете во секое време да видите кој документ во која служба се наоѓа, колку се задржал во неа и колку време се троши за негова обработка. Функцијата аudit trail ги забележува сите операции на корисниците над документите и податоците и ги пријавува нерегуларните и неправилните настани, како и обидите за упади во системот. Моќниот систем на Luca за дефинирање на правата и привилегиите на корисниците на софтверот, гарантира максимална безбедност и заштита на информациите и пропишаните деловни процедури. Притоа, сите деловни процеси, процедури и документи во Luca се целосно усогласени со врвните стандарди (ISO, HACCP, IAS) и Ви помагаат да обезбедите дополнителна контрола на квалитетот на работењето на Вашата компанија
 
Enter doo, Ohrid. Copyright © 2000-2007 Enter. All rights reserved. Revised: August 31, 2009.