|
10 МОТИВИРАЧКИ УСЛОВИ НА
ПРОДАЖБА |
|
|
|
1. Флексибилно лиценцирање по Ваша мерка |
|
2. Цена пропорционална на понудената содржина |
|
3. Пакети соодветни на големината на компаниите |
|
4. Пакетни попусти |
|
5. Додатни попусти за забрзано плаќање |
|
6. Плаќање на рати |
|
7. Цени без скриени трошоци |
|
8. Гаранција |
|
9. Разумни рокови на испорака |
|
10. Ниски трошоци на придружни услуги и одржување |
|
|
|
Флексибилно лиценцирање по Ваша мерка |
Системот на лиценцирање е максимално флексибилен и праведен
(повеќе корисници - повисока цена) и овозможува купувачот да
направи негово димензионирање согласно своите потреби и
финансиски можности. Основа на лиценцирањето е дефинирањето
на серверски и клиентски лиценци по модул, но тука се и
далечинските лиценци, пасивните лиценци како поевтина
варијанта за корисниците што само прегледуваат, а не
внесуваат податоци, како и неограничените лиценци наменети
за поголемите компании со голем број корисници.
1. Серверска лиценца е дозвола за инсталација на серверската
компонента на соодветниот модул.
2. LAN лиценца е дозвола за активирање на апликацијата кај
клиент во локална мрежа, а WAN лиценца е дозвола за
активирање на софтверот од оддалечена (remote) работна
станица.
3. Активна лиценца е дозвола за комплетна употреба на
модулот (внесување, бришење, менување, читање), додека
пасивна лиценца е дозвола за читање (read only) податоци од
модулот.
4. Неограничена лиценца е дозвола за нелимитирана употреба
на модулот во компанијата.
5. Вкупната цена за секој модул е збир од серверска лиценца
и производите од цените на соодветните видови клиентски
лиценци по бројот на работни станици каде модулот со таква
лиценца е инсталиран. |
|
Цена пропорционална на понудената содржина |
Формирањето на цените на софтверските модули е изведено на
вистински иновативен начин: секоја содржина во модулот има
своја цена и на купувачот останува да „го конфигурира„
системот со додавање на содржини во него и на тој начин со
формирање на финална цена правопропорционална на избраната
содржина. |
|
Пакети соодветни на големината на компаниите |
Софтверските пакети се организирани во модули и организирани
во четири верзии зависно од големината на компаниите:
1. BASIC - со вклучени лиценци до две работни станици.
2. STANDARD - со вклучени лиценци до пет работни станици.
3. PROFESSIONAL - со вклучени лиценци до десет работни
станици.
4. ENTERPRISE - со вклучени неограничен број лиценци
Разликите во пакетите не се само во бројот на лиценци, туку
и во бројот на модулите што се вклучени, како и нивната
содржина.
Со ова секоја компанија, за секој модул може да ја избере
најисплатливата верзија за нејзиното работење (на пример за
сметководство да избере PROFESSIONAL, а за производство -
STANDARD). |
|
Пакетни попусти |
Купувањето на повеќе модули одеднаш, не само заради намалените
фиксни трошоци на имплементација, туку пред сé заради
покажаната доверба и остварениот промет, ќе биде наградено
со додатни пакетни попусти кои зависат од вкупниот износ на
зделката. |
|
Додатни попусти за забрзано плаќање |
За сите оние кои забрзано ќе ги исполнат своите финансиски
обврски следат додатни попусти, кои овозможуваат Luca да
биде навистина евтино и прифатливо решение. |
|
Плаќање на рати |
Бидејќи ваквите инвестиции не се мали и често се поврзани и со
други инфраструктурни трошоци (хардвер, мрежа...), во
можност сме да Ви понудиме систем на плаќање на рати. Бројот
и износот на ратите зависи од вкупната големина на проектот,
но за средни и големи проекти никогаш не е помал од четири
рати. |
|
Цени без скриени трошоци |
Понудите што ги доставуваме се со јасно нагласени и добро
дефинирани ценовни модели, без скриени трошоци и без
неочекувани дополнителни издатоци за компаниите ненаведени
во понудата. Ваквиот пристап ги заштитува нашите клиенти од
непријатности, а нам ни обезбедува стартна доверба и
постојана чиста сметка со купувачите.
 |
|
Гаранција |
Гаранцијата на софтверот е 1 (една) година. Сите багови за
време на гарантниот рок се отстрануваат бесплатно, а сите
трошоци се на наш товар. |
|
Разумни рокови на испорака |
Роковите за испорака што ги даваме не се преамбициозни и
напумпани за по секоја цена да го привлечат клиентот. Мора
да се знае дека проектите од ваков вид бараат посветеност и
подготовка од двете страни и дека роковите не треба да се
прекратки за да не предизвикаат незадоволство од неуспехот,
но и предолги за да не се разводени работата и да не се
предизвикаат непотребни трошоци. Нашето искуство и
натпросечниот степен на реализација на проектите ни
овозможува да Ви доставиме оптимални планови на
имплементација и прифатливи рокови на изведба. |
|
Ниски трошоци на придружни услуги и одржување |
Цените на придружните услуги и одржувањето зависат од
избраниот модел на имплементација или одржување (основно,
стандардно, напредно), но во сите случаи крајниот
процентуален износ е за десетина проценти понизок од
вообичаените тарифи на софтверските услуги на регионално
ниво. |